Избери.Промени. Комбинирај.
Од 16 до 22 септември, по 14-ти пат Македонија активно се вклучува во одбележувањето на Европската недела на мобилност (EuropeanMobility Week), која оваа година се спроведува под мотото „Избери, промени, комбинирај”. Во текот на целта седмица ќе бидат организирани различни активности од областа на одржливиот транспорт: подобрувањето на јавниот превоз, развој на велосипедизмот, промоција на електромобилноста, подобрување на сообраќајната инфраструктура и сл. Кулминацијата на кампањата е 22 Септември кога вкупно 1648 града од вкупно 42 држави од Европа и пошироко ќе го организираат Денот без автомобили со која ќе се потсетат граѓаните низ цела Европa дека изгледот на улиците, сообраќајниот метеж и загаданоста на воздухот кој е резултат на транспортот зависи од нас. Ние одлучуваме дали по улиците ќе патуваме со автомобил, градски превоз, со велосипед или пеш и на тој начин индиректно избираме во какви услови ќе живееме.
Во одбележувањето на Европската недела на мобилност оваа година официјано се вклучија вкупно 15 градови од Македонија (Берово, Битола, Велес, Кичеви, Кочани, Неготино, Штип, Скопје, Нов Дојран, Охрид, Струмица, Пехчево, Крива Паланка, Кумановои Прилеп), кои со своите краткорочни и перманентни мерки ќе придонесат за зголемување на свеста кај граѓаните дека загадувањето на воздухот директно зависи од изборот на нивниот транспорт, и дека сите ние како граѓани сме одговорни за воздухот што го дишеме.
Активноста се организира на иницијатива на Европската комисија, а три европски организации имаат клучна улога во координација на активностите и промоција на целокупната манифестација: Eurocities, ICLEI-Local Governments for Sustainability и Regional Environmental Center for Central and Eastern Europe.