(01.09.2015г) Државниот секретар при Министерството за животна средина и просторно планирање д-р Соња Лепиткова денеска ги посети децата кои се испратени на климатска рехабилитација во националниот парк Пелистер.
Средствата за седумдневна рехабилитација на децата кои боледуваат од болести на респираторниот систем, ги обезбеди Министерството за животна средина и просторно планирање.
Активноста се реализира согласно Програмата на Министерството и на Владата на Република Македонија, а е во организација на Друштвото на родители за грижа за здраво поколение од Велес.