Претставници од Сојузот на извидници на Македонија, денеска и доделија благодарница на министерката за животна средина и просторно планирање Каја Шукова за несебичната поддршка и соработка при реализацијата на волонтерската еколошката акција за пошумување на опожарените подрачја „Боренка“, која веќе неколку години се спроведува на територијата на нашата држава, во партнерство со ЈП Национални шуми.
Министерката Шукова се заблагодари за признанието истакнувајќи дека МЖСПП ќе продолжи да дава поддршка за активностите кои ја подигаат свеста кај граѓаните, а особено кај децата и младите, за важноста на шумите, заштитата на животната средина, глобалното затоплување и превенцијата од пожари.