МОРТАЛИТЕТ ОД СООБРАЌАЈНИ НЕСРЕЌИ КАЈ ДЕЦА И МЛАДИНЦИ |
Индикаторот ја прикажува стапката на морталитет предизвикан со сообраќајни несреќиза деца на возраст од 0 до 14 години и младинци на возраст од 15 до 24 години, трендот за одреден временски период,и споредба со податоците за Европскиот регион како и релевантност на политиките поврзани со него.
- Број на смртни случаи на 100 000 деца на возраст од 0 до 14 години или на 100 000 младинци на возраст од 15 до 24 години.
Какви чекори се преземени за намалување или спречување на порастот на стапката на морталитетот од сообраќајни незгоди кај вулнерабилните групи како што се децата и млaдите луѓе?
Какви интерсекторски политики досега се спроведени за намалување на бројот на сообраќајни незгоди на општата популација и посебно за детската популација, затоа што се чини дека таа популација е најосетлива и изложеноста во овој период од животот дава последици во подоцнежната возраст.
Стапката на смртност на децата и младите во сообракајни несреки кај нас е пониска во споредба со специфичната стапка на морталитет во други европски земји како што се Грција, Шпанија, Франција, Германија. Но и оваа стапка е доволен аргумент кој укажува на потребата од воведување на интeрвентни програми како дел од интерсекторските политики.
Слика 1. Загинати во сообраќајни несреќи, стапка на 100 000, 0-14 и 15-24 години
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Стапката на морталитет кај децата на возраст од 0 до 14 години и младинците на возраст од 15 до 24 години е релативно стабилна во периодот од 2002 до 2004 година, со значително зголемување во 2005 година. Порастотот на стапката во 2005 година може да биде одраз на подобрениот систем на пријавување на причините за смртност. Во периодот од 2005 до 2009 година има променлив тренд на намалување и зголемување на стапката на смртност.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Индикаторот морталитет од сообраќајни несреќи (800 и 848) се пресметува како стапка на умрени лица од сообраќајни несреќи на возраст од 0 до 14 години и од 15 до 24 години на 100 000 жители од наведените возрасни групи.
Листа на релевантни политички документи
Во Националниот акционен план за заштита на децата и животната средина,во кој е презентиран актуелниот здравствен профил на децата во државата, дефинирани се актуелните здравствено-еколошки ризици за децата и тоа за заштита од несреќи и трауми.
Прирачник – Планирање за заштита на децата од опасности – Втората регионална приоритетна цел гласи: „Ние се стремиме кон заштита и постојано намалување на последиците по здравјето од несреќи и повреди и тежнееме кон намалување на болестите предизвикани од недостиг на соодветна физичка активност, преку промоција на здрави и безбедни населби за сите деца“.
Законска основа
Закон за безбедност на сообраќајотна патиштата – Со овој Закон се уредува безбедноста и заштитата на патиштата; правилата на сообраќајот на патиштата; системот на сообраќајните знаци и опрема; должностите во случај на сообраќајна незгода; условите за стекнување право на управување со возила; оспособување на кандидатите за возачи; полагање возачки испит и проверка на оспособеноста на возачите; испитување на возила; уредите и опремата што задолжително треба да ги имаат возилата; димензиите, вкупната маса; осното оптоварување на возилата и условите кои задолжително треба да ги исполнуваат возилата во сообраќајот; технички преглед на возила; посебните мерки на безбедност; организацијата и задачите на советите за безбедност на сообраќајот на патиштата, како и прекршочните санкции и прекршочната постапка што се води по прекршоците во областа на сообраќајот на патиштата.
Да се намали стапката на морталитет од сообраќајни незгоди кај детската популација и кај младинците преку соодветни интервентни програми.
- Секој доктор кој ќе констатира смрт има обврска да пополни пријавен лист за настаната смрт во кој ги наведува причините за настанување на смрт, потоа тие податоци се собираат во националната база во Државниот завод за статистика
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
MKНИ 046 | Морталитет од сообраќајни несреќикај деца и младинци
|
ENHIS
Traf_E1 |
Mortality from traffic accidents | С | А | Здравство
Сообраќај Локална самоуправа Просторно планирање |
годишно |