МК – НИ 040

НАВОДНУВАНО ЗЕМЈИШТЕ strelki d
Дефиниција

Индикаторот го покажува трендот на наводнета површина во даден временски интервал за целата површина на Република Македонија, како и вкупното  количество на потрошена вода за целата територија и соодносот на наводнета површина во однос на вкупната обработлива површина.

Единици
  • Површина на наводнето земјиште (изразена во хектари), количество на вода користена за наводнување изразено во метри кубни потрошена вода на годишно ниво, % на наводнето земјиште од вкупната обработлива површина.
Клучно прашање за креирање на политиката

Дали апстракцијата на водите се базира на одржливоста на водите?

Клучна порака

Во периодот од 2001 до 2014 година, се бележи нерамномерен тренд на користење на водите за наводнување на земјиштето, што се должи на временските услови во дадената година, како и на организациската преструктуираност на овој сектор. Посебен растна степенот на користени води за наводнување на земјиштето е забележен во 2012  година.

Податоците не се дел од редовната статистика што се објавува во земјата.

Слика 1. Користење на водни ресурси

csi_040_2016_gr1_mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 2. Вкупно наводнета површина

csi_040_2016_gr2_mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 3. Процент на наводнетата површина во однос на вкупната обработлива површина

csi_040_2016_gr3_mk

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

На слика 2 прикажана вкупната наводнета површина за периодот од 2001 до 2014 година, при што се бележи нерамномерен тренд на користење на водите за наводнување. Евидентен е податокот дека во 2012 година количеството на потрошена вода за овој сегмент од општеството е значително поголем во однос на целокупниот следен интервал. Ова се должи на фактот дека 2012 година беше сушна, но врнежите беа така распоредени што овозможуваше полнење на акумулациите со доволни количини на вода, потребни за наводнување. Сликата 3 го прикажува процентот на наводнетата површина во однос на вкупната обработлива површина во Република Македонија, од каде се гледа дека процентот е многу мал и за целиот временски интервал е под 5 проценти, освен во 2012 година се забележува поголем процент кој изнесува 6,2 %.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Податоците се обезбедуваат и обработуваат по години.

Релевантност за креирање на политиката

Листа на релевантни политички документи:

Националниот еколошки акционен план – 2 и Стратегиите за мониторинг и управување со податоци.

Политиката за одржлива употреба на водните ресурси во согласност со Шестиот акционен еколошки план и барањата на Рамковната директива за води транспонирана во националниот Закон за води.

Законска основа

Законотза водипропишува интегриран пристап, предвидувајќи ги условите и начините за употреба и користење на водите и нивната алокација, заштитата од штетно дејство на водите, како и стандардите и вредностите за квалитет на водите и контрола на загадувањето, водејќи сметка за  интегрирање на мерките и активностите за заштита на водите во сите развојни, стратешки плански и програмски документи.

Основни документи за планирање и развој на  управувањето со води се:

  • Национална стратегија за води
  • Водостопанската основа на Република Македонија и
  • Планови за управување со речни сливови

Национална Стратегија за води има за цел воспоставување на долгорочна политика која ќе обезбеди одржлив развој на водите преку задоволување на потребите на сите корисници со квалитетна вода во доволни количества, рационално и економично користење на водите, заштита на водите од загадување и контрола на загадувањето.

Водостопанската основа на Република Македонија обезбедува интегрирано планирање и спроведување на програмите и мерките, техничките и економските решенија за рационално искористување на водите, заштита на водите од загадување и за заштита од штетно дејство на водите врз основа на принципите на одржлив развој и временска рамка за нивна реализација.

Плановите за управување со речните сливови овозможуваат одржување и подобрување на водниот режим.Таквите планови содржат цели на заштита на животната средина, добар статус на површинските водни тела (добар квантитативен и хемиски статус, вклучувајќи добар еколошки потенцијал) и на подземните водни ресурси (добар квантитативен статус и хемиски статус).

Употребливоста на водата за различни намени се утврдува според Уредбата за класификација на водитеспоред којашто водата се дели на пет различни класи, во зависност од нивото на загаденост, а карактеристиките на водата се одредуваат според класите и намените за коишто водата може да се користи.

Цели

Нема специфични цели.

Обврска за известување
  • OECD/EUROSTAT
Општи мета-податоци
Ознака Име на индикаторот Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори Класификација по ДПСИР Тип Поврзаност со област Фреквенција на публикување
MKНИ 040 Наводнувано земјиште WQ4 Irrigated land Д A вода годишно
Last modified: Friday November 18th, 2022