Во периодот од 19.02.2023 година до 24.02.2023 година, во рамките на проектот „Развој на информативен систем за животна средина EuropeAid/139107/IH/SER/MK, инплементиран од Particip GmbH“, се одржа студиска посета во Загреб, Хрватска.
Цел на студиската посета беше размена на техники, инфраструктури и платформи користени во областа за мониторинг на животната средина. За оваа цел, македонскиот информативен центар ги посети просториите на хрватското министерство за економија, лабараториите на ДХМЗ, како и просториите на општина Загреб.
Обуките и состаноците беа стручно специјализирани и се однесуваа на:
– Подготовка на стратегии, планови и програми за справување со загаденостa на воздухот;
– Подготовка на методи и планови за справување со бучава;
– Добри практики за управување со отпад, отпадни води и подготовка на извештаи за национално и меѓународно ниво;
– Подготовка на ГЕО-портал за прикажување на критични информации со јавноста;
На студиската посета учествуваа следните претставници од МЖСПП:
- БилјанаПетковска
- Анета Стефановска
- Љупчо Гроздановски
- Мартина Спасовска
- Александра Крсеска
- Никола Голубов
- Хикмет Шабани
- Јован Ѓорѓиев
Темите од специфично значење на студиската посета беа поврзани со ракувањето со информациските системи, ИТ системите во различни сектори, системите за управување и контрола за мониторинг; како општини, компании итн. Како и улогата на многуте хрватски лаборатории и институции во областа на мониторингот.
На сесиите експертите покрија најразлични теми и дискусии, меѓу кои и:
– Квалитетот на воздухот во Република Хрватска
– Емисии од стационарни извори
– Справување со емисии на испарливи органски соединенија
– Полиња за експлоатација и истражување на минерални суровини во Република Хрватска
– Информациски систем на стратешки мапи за бучава и акциони планови
– Регистар на употребни дозволи и решенија за унифицирани услови за заштита на животната средина
– Изработка на стратешка карта за бучава за Град Загреб според новите директиви на ЕУ
– Презентација на ГЕО-порталот град Загреб (информации вклучувајќи квалитет на воздух, локации за управување со отпад и стратешки карти за бучава низ градот