(10.09.2015г.) Министерот за животна средина и просторно плнирање, Нурхан Изаири денеска, во просториите на министерството, оствари работна средба со амбасадорот на Италија во Р. Македонија, Н.Е. Ернесто Масимино Белели.
На средбата присуствуваа и експерти за водоводни структури од регионот Пуља, Италија, при што се разговараше за унапредување на соработката во областа на водните ресурси.