MK – НИ 052

ШУМИ И ШУМСКО ЗЕМЈИШТЕ smile1 logo-re
Дефиниција

Показателот ја покажува вкупната површина под шума и другите површини под шуми, односот на оваа површина во вкупната површина на земјата, како и учеството на шумските предели кои се природно обновени и пошумена површина, површина под шуми наменета за производство, како и шуми наменети за заштита на почвата, водата, екосистемот и биодиверзитетот.

Под поимот шума се подразбира шумски екосистем кој постои на шумско земјиште обраснато со шумски видови дрвја и грмушки, голини непосредно до шумата, како и други голини и ливади внатре во шумата, шумски расадници, шумски патишта, семенски плантажи, противпожарни просеки во шума, ветро заштитни појаси на површина поголема од два ари, како и шума во заштитените подрачја.

Шумско земјиште e земјиште на кое има шума или кое поради своите природни својства е најповолно за одгледување на шума, како и земјиште на кое се наоѓаат објекти наменети за стопанисување со шумите.

Стопански шуми првенствено се користат за трајно производство на дрвни сортименти и други шумски производи и услуги.

Шуми во заштитените подрачја се прогласуваат согласно со Законот за заштита на природата.

Единици

–        km2, ha и %.

Клучно прашање за креирање на политиката

Каков е трендот на вкупната површина под шума и другите површини под шуми?

Клучна порака

Односот на вкупната површина под шума во вкупната површина на земјата се движи помеѓу 35,5% и 44.6%, површината под шума била најголема во 2016, а најмала во 1990 година. Во 2016 година се забележува зголемување на вкупната површина под шума за 9.8% во однос на1990 година кога површината под шума била најмала.

За односот на другите површини под шуми во вкупната површина на земјата, има податоци само за периодот од 2010 до 2016 година, и се движи помеѓу 3,8% до 5.4%, што значи дека има пораст од 44.1%.

Процентот на пошумена површина со нови шуми има променлив тренд на намалување и зголемување на површините.

График 1. Удел на вкупната површина под шума и другите површини под шуми во вкупната површина на земјата

CSI_Bioloska2018_052_g1MK

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

График 2. Удел на пошумена површина во вкупната површина на земјата

 

 CSI_Bioloska2018_052_g2MK

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

График 3. Удел на стопански, повеќенаменски шуми и површина на шуми во заштитените подрачја во вкупната површина на земјата

 

 CSI_Bioloska2018_052_g3MK

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Опфат на податоци: excel

Извор на податоци: Државен завод за статистика (http://www.stat.gov.mk)

Оценка

Шумите, освен стопанска, имаат и функција на заштита на природата преку заштита на биодиверзитетот и заштита од ерозија. Тие се од голема важност за одржливиот развој заради влијанието што го имаат врз климата, режимот на водите, производството на кислород и квалитетот на животната средина.

Во разгледуваниот период, односот на вкупната површина под шума во вкупната површина на земјата се движи помеѓу 35,5% и 44.6%, површината под шума била најголема во 2016, а најмала во 1990 година. Во 2016 година има зголемување на вкупната површина под шума за 9.8% во однос на 1990.Во 2016 година во однос на 2015 година исто така се забележува зголемување на површините под шума за 0.7%. Зголемувањето на површините се должи на новиот премер на шумите.

За односот на другите површини под шуми во вкупната површина на земјата, има податоци само за периодот од 2010 до 2016 година, и се движи помеѓу 3,8% до 5.9%, што значи дека има пораст од 44.1%.

Процентот на пошумена површина со нови шуми има променлив тренд на намалување и зголемување на површините. Во периодот од 1990 до 2001 година има значителен пад од 52,8%, потоа, до 2003 година има пораст од 53,2%, па повторно пад од 37,3% до 2007 година. Најголем пораст има од 2007 до 2009 година од120.2%, за потоа да има и најголем пад од 73.7% до 2016 година.

Уделот на стопански шуми во вкупнатаповршина на шуми, во периодот од 2010 до 2016 година, има пораст од 4.8%, уделот на повеќенаменските шуми има пад од 1.3%, а уделот на површините на шуми во заштитените подрачја има пад од 1.1%, во вкупнатаповршина на шуми.

Методологија
  • Методологија за пресметка на индикаторот

Показателите се добиваат од извештајните единици кои ги доставуваат со редовните статистички извештаи, со книговодствена евиденција, а се врз основа на посебните планови за стопанисување на шумите

Релевантност за креирање на политиката

Законска основа

–        Закон за заштита на природата („Сл.весник на РМ“ бр. 67/04, 14/06, 84/07, 35/10, 47/11, 148/11, 52/12, 13/13, 163/13 и 41/14)

–        Закон за шумите („Службен весник на РМ“бр.64/09, 24/11, 53/11, 25/13, 79/13, 147/13, 43/14 и 160/14)

–        Законот за државната статистика („Службен весник на РМ“ бр.54/97, 21/07, 51/11,104/13, 42/14 и 192/15) и Програмата за статистички истражувања за периодот 2013-2017 („Службен весник на РМ“ бр.20/13, 24/14, 13/15 и 07/16)

Цели

Согласно Просторниот план на Република Македонија предвидено е зголемување на површините со шуми и шумско земјиште, односно, во 2020 година уделот во вкупната површина на републиката да изнесува 48,8%.

Обврска за известување
  • UNECE/FAO
  • FOREST EUROPE, Извештај за „Состојба на шумите и одржливо управување со со шумите во Европа“
  • FAO, Оценки на глобалните шумски ресурси (FRA)
Општи мета-податоци
Ознака Име на индикаториот Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори Класификација по ДПСИР Тип Поврзаност со област Фреквенција на публикување
MKНИ 052 Шуми и шумско земјиште С А
  • биолошка разновидност
годишно
Последна измена:  среда февруари 26th, 2020