MK – НИ 041

КАРАКТЕРИСТИКИ НА РИБНИОТ ФОНД smile1 logo-re
Дефиниција

Индикаторот покажува колку видови слатководни риби живеат во реките и езерата во Република Македонија и кои видови се застапени во рибниците и се предмет на аквакултурно производство.

Индикаторот во моментот ја прикажува состојбата со:

  • уловот на два економски важни видови риба во риболовните води;
  • вкупниот улов на останатите видови риби во риболовните води;
  • вкупното аквакултурно производство на риба во рибниците.
Единици

Број на видови риби, килограми (тони) уловена риба.

Клучно прашање за политиката

Колку е одржлив уловот на риба во РМ?

Клучна порака

Во Република Македонија просечно се уловува 1.370 тони различни видови риба. Вкупниот улов на риба има периодичен тренд на намалување и зголемување, од 2003 до 2006 година, уловот се намалува затоа што одделни риболовни претпријатија, деловни субјекти и концесионери ја имаат изгубено дозволата за риболовни дејства во одделните водни басени, а и голем број на риболовни спортски друштва се деактивирани.

Најголем улов на риба имало во 2000 година од 1834 тони, а најмал во 2006 година од 813 тони. Крапот е водечки вид во низинските води со улов во 2016 година од 220 тони, а пастрмката во висинските води, со улов во 2016 година од 973 тони. Во вкупниот улов на риба во 2016 година најголем удел има пастрмката со 75,3%, потоа крапот со 17,03%, други риби со 4,41% и најмал удел има сомот со 3,25%.

 

Слика 1. Вкупен улов на риба

CSI_Ribarstvo2018_041_MK

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Слика 2. Улов на главните видови риба

CSI_Ribarstvo2018_041_gr1

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 
Слика 3. Вкупен улов на риба, по видови риба

CSI_Ribarstvo2018_041_gr3

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Опфат на податоциexcel

Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk

Оценка

Во разгледуваниот период,за вкупен улов на риба (производство на конзумна риба и улов од спортските рибари), во Република Македонија просечно се уловува 1.370 тони различни видови риба. Во периодот од 1995 до 2003 година, вкупниот улов на риба има периодичен тренд на намалување и зголемување, од 2003 до 2006 година, уловот се намалува затоа што одделни риболовни претпријатија, деловни субјекти и концесионери ја имаат изгубено дозволата за риболовни дејства во одделните водни басени, а и голем број на риболовни спортски друштва се деактивирани.

Во периодот од 2006 до 2010 има тренд на покачување во вкупниот улов на риба од 104,6% во однос на 2006 година, односно, од 813 се покачил на 1664 тони риба. Потоа во периодот од 2011 до 2016 година има повторно пад на уловот на риба во однос на 2010 година за 22,39%.

Од Слика 3 се гледа дека во вкупниот улов, крапот е водечки вид во низинските води со улов во 2016 година од 220 тони, а пастрмката во висинските води, со улов во 2016 година од 973 тони. Во вкупниот улов на риба во 2016 година најголем удел има пастрмката со 75,3%, потоа крапот со 17,03%, други риби со 4,41% и најмал удел има сомот со 3,25%.

Рибарењето и искористувањето на рибниот фонд во рибниците и вештачките акумулации во Република Македонија е под постојан надзор, со постојана грижа за рибниот фонд и со константно порибување со економски важни видови риба. На тој начин се овозможува одржлив развој и искористување на рибите како важен економски ресурс, а, исто така, и за спортски риболов. Искористувањето на рибниот фонд од природните езера веќе подолг временски период наидува на константни проблеми и тоа од аспект на прекумерен и неконтролиран улов на риба од тие водни екосистеми. Со овие активности посебно се загрозени ендемични видови риби, како, на пример, охридската пастрмка (SalmoletnicaKar.), но и други ендемити кои се застапени со мали популации во поедини водни екосистеми.

Методологија

Методологија

Методологија за пресметка на индикаторот

Како извор на податоци за карактеристиките на рибниот фонд во Република Македонија ќе бидат користени податоците од Државниот завод за статистика и нивните методи за обработка на податоци.

Несигурност

Несигурноста произлегува од претпоставените нецелосни податоци за улов на риба во реките и езерата. Исто така, несигурноста се зголемува поради многу малиот број литературни податоци за генетската структура на рибните популации во природните водени екосистеми.

Релевантност за креирање на политиката

Листа на релевантни политички документи

Студија за состојбата со биолошката разновидност во Република Македонија и Националната стратегија за биолошка разновидност со Акционен план дефинира интегриран пристап кон заштитата и одржливото користење на компонентите на биолошката разновидност вклучувајќи го и рибарството.

Просторен план на Република Македонија.

Законска основа

Законот за рибарство и аквакултура го пропишува управувањето, планирањето, стопанисувањето и аквакултурата на рибите во риболовните води, рибниците, полурибниците, кафезите и во други одгледувалишта на риби.

Цели

Вкупното рибно производство во Република Македонија до 2020 год. се предвидува да порасне на 2.300 тони. Притоа, главната маса на порастот ќе ја чинат пастрмските риби (1.435 тони или 62% од вкупниот улов) и тоа претежно од рибниците.[1]

[1]Просторен план на Република Македонија

Обврска за известување
  • FAO – Fisheries and Aquaculture Department
Општи мета-податоци
Ознака Име на индикаторот Усогласеност со CSI ЕЕА или други индикатори Класификација по ДПСИР Тип Поврзаност со област Фреквенција на публикување
MKNI 041 Карактеристики на рибниот фонд FISH 3 Fish stock characteristics С   Вода

Биолошка разновидност

Туризам

годишно

 

 

 

Последна измена:  среда февруари 26th, 2020