Министерот за животна средина и просторно планирање, Насер Нуредини оствари работна средба со новоназначениот амбасадор на Кралство Шпанија, Н. Е. Хозе Луис Лозано Гарсија на која разговараа за соработката во делот на управувње со водите. Управување со отпадните води во регионот на Охрид – Струга, е главен интерес на шпанските компании, кои веќе имаат доставено проектен концепт до Министерството за индустрија, трговија и туризам на Шпанија. На средбата беше детално презентиран проектот, кој веќе е во фаза на евалуација од страна на шпанските институции.
Министерот Нуредини истакна дека Министерството за животна средина и просторно планирање има транспарентен пристап за управување на отпадните води во регионот на Охрид – Струга и изрази благодарност за интересот за билатералната соработка во оваа област, преку интергиран пристап и одржливо управување со капацитетите, а со цел зачувување на природните вредности на регионот и овозможување на функционална циркуларна економија.