Министерот Нуредини присуствуваше на настанот со кој на мошне иновативен начин се означи почетокот на новата кампања „ЕУ со ТЕБЕ“ фокусирана на Европскиот зелен договор, насловена: “Не постои резервна планета“ што ја промовираа шефот на Делегацијата на Европската Унија во државава Дејвид Гир и вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров.
Европскиот зелен договор е еден клучните приоритети на Европската Унија и фокус на ЕУ политиките и активностите за годините што доаѓаат. Целта на Зелениот договор е Европа да биде првиот климатски неутрален континент до 2050 година, што подразбира да се постигнат 0 емисии на стакленички гасови до 2050 г. но со обезбеден раст на економијата со зачувани природни ресурси и благосостојба за сите.
Со ревидираните национални придонеси кон Договорот од Париз, како и проектираните национални политики и мерки за заштита на животната средина и климата МЖСПП и Владта на РСМ се целосно усогласени со напорите на ЕУ за заедничкото справување со климатските промени. Нашите определби се израз на стратешкото партнерство на ЕУ и Западниот Балкан при што специфичноста на овие појави е аргумент повеќе за потребата од придвижување во процесот на пристапување и приближување кон европските стандарди.