Со вчерашното заминување на последната пратка од околу 4,6 тона иницијатори и 5,2 тони хемикалии со непознат состав кон постројката за уништување во Франција, комплетно е завршен проектот “Безбедно отстранување на хемиски материи од локации и производни погони во кругот на АД ОХИС Скопје“.
Земајќи предвид дека во Република Северна Македонија, нема инсталација за третман и уништување на отпадните хемикалии складирани во АД ОХИС Скопје, во текот на реализација на проектот од државата се извезени следните отпадни хемикалии од АД ОХИС Скопје:
- 25 тони акрилонитрил мономер (крајна дестинација за отсранување ВАЛОРЕЦ Сервисес АГ од Базел „SUEZ“ Германија)
- 15 тони отпадна хемикалија со непознат состав, отпаден терет-бутил хидропероксид, иницијатор перкабокс амин, иницијатоер преоксан БЦЦ и иницијатор бутилхидропероксид 70%. (крајна дестинација за отсранување TREDI SA, Франција)
- 84 буриња (15.120 кг) отпаден метанол (крајна дестинација за отсранување во Бугарија).
- 13,5 тони винилхлорид мономер (крајна дестинација за уништување ВАЛОРЕЦ Сервисес АГ од Базел „SUEZ“ Германија)
- 4,6 тона иницијатори и 5,2 тони хемикалии со непознат состав ( Франција) .
Чистењето на историскиот отпад од АД ОХИС Скопје продолжува со проектот за ремедијација на малата депонија со линдан: „Отстранување на техничките и економските бариери за започнување на активности за чистење на локациите контаминирани со α-HCH, β-HCH и γ-HCH (линдан) во ОХИС“, кој е одобрен од Глобалниот еколошки фонд (GEF) и имплементиран преку UNIDO, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање.
УНИДО склучи Договор со избраниот најдобриот понудувач – грчаката фирма Полиеко, за чистење на линданот од малата депонија во Охис и третман надвор од државата. Во процес е постапка за одобрување на Планот за ремедијација кој веќе помина трикратна ревизија и се очекува во најскоро време да се одобри конечната верзија на Планот, по што компанијата Полиеко ќе може да започне со подготвителните активности на терен потребни за безбедното чистење на линданот.