(19.12.2019г.) Министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини учествуваше на Секторската работна група за животна средина и климатски акции, на која се презентираа и дискутираа главните индикатори за животна средина.
Во воведното излагање на министерот Нуредини беше истакнато дека еден од главните критериуми за спроведување на Секторскиот пристап во животната средина е дефинирање и следење на Рамката за проценка на успешноста (ПАФ), што претставува еден од најважните критериуми за остварување на споменатиот Секторски пристап со цел да се измерат реформите во овој сектор.
Во оваа смисла, главната цел на оваа Секторска работна група за животна средина е да ги анализира, дискутира и на крајот да ги прифати индикаторите за Рамката за проценка на успешноста, изработени од МЖСПП, во соработка со техничката помош на проектот „Поддршка за управување со Проект на фондови на ЕУ “.
Секторската работна група за животна средина и климатска акција, призната како таква рамка, е флексибилна платформа за координација на политиката, која им овозможува на различни актери да учествуваат во различни формати и на различно ниво на донесување одлуки, каде што можат да се консултираат различни чинители вклучени во овој сектор.
Во тој контекст, воспоставувањето рамка за проценка на ефикасноста, заснована врз јасни приоритети, индикатори, извор на информации и механизми за следење и оценување ќе овозможи постојано следење на напредокот во овој сектор.
На состанокот активно учествуваа претставници од држаните институции, претставници на Делегацијата на ЕУ, донаторската заедница во Република Северна Македонија и граѓанските организации и дадоа свое видување како системот на следење на напредокот во иднина би можел да се подобри.
Министерот Нуредини истакна дека оваа средба на Секторската работна група не е крајна, туку почетна точка за подобрување на квалитетот и бројот на индикаторите за Рамката за проценка на успешноста. Во иднина, нови индикатори би можеле да бидат вклучени и секако ќе имаме можност да разговараме понатаму со цел ревидирање и подобрување на системот на индикатори за животна средина и нивно следење.