(08.11.2019г.) Министерството за животна средина и просторно планирање согласно последните информации добиени од надлежните инспекциски служби, ја информира јавноста дека состојбата во Охис е целосно под контрола и дека нема место за паника. Имено, излевање на вода при перење на празна цистерна поради пукање на вентил се случило во бетонска када чија функција е безбедносна токму при вакви случаеви. Во моментов излеаната течност е целосно собрана, а кадата е покриена со пилевина за да се соберат евентуалните остатоци од течноста. Пилевината ќе биде собрана во текот на утрешниот ден и соодветно, безбедно одстранета во специјални буриња за таква намена. Надзорот на локацијата ќе продолжи и утре.
СООПШТЕНИЕ ДО ЈАВНОСТ 08.11.2019 год.
ноември 08, 2019