Ве информираме дека државниот секретар во Министерството за животна средина и просторно планирање, Ана Петровска ќе учествува на 24-та седница на Комитетот за политика во животната средина на Економска комисија на Обединетите нации за Европа која се одржува од 29 до 31 јануари 2019 година во Женева.
На сесијата закажана за среда (30.01.2019) на која ќе се дискутира за Прегледот за перформансите во животната средина и напредокот кој е постигнат во спроведувањето на третиот циклус (EPR),Петровска ќе ги презентира состојбите во животната средина во Република Македонија.