Врз основа на член 28, став 3 од Законот за концесии и јавно приватно партнерство (“Службен весник на Република Македонија“ бр. 6/12, 144/14, 33/15, 104/15 и 215/15), член 55 од Законот за водите („Службен весник на Република Македонија“ бр. 87/08, 6/09, 161/09, 83/10, 51/11, 44/12, 23/13, 163/13,180/14, 146/15 и 52/16) и Одлуката за започнување на постапка за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи (“Службен весник на Република Македонија” број189/18), Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи, објавува
ЈАВЕН ПОВИК
За прибирање на понуди за доделување на концесија за користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи по моделот Проектирање, Изградба, Оперирање и Пренос (DBOT- Design, Build, Operate, Transfer) на сливовите на реките: Вардар,Треска и Црн Дрим.
- Концедент е Владата на Република Македонија.
- Предмет на концесија е користење на вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи на следните локации:
Р. Бр | Водотек или назив на електраната | Слив | Координати/кота зафат | Координати/кота МЗ | Средно-год. проток | Индикативна инста-лирана моќност | ||||
Y | X | Y | X | (m³/s) | KW | |||||
Р. Вратничка МХЕ Орашје 1 | Вардар | 560 | 471 | 0.343 | 409 | |||||
7511352 | 4665100 | 7512255 | 4663586 | |||||||
МХЕ Сапунчица | Црна река | 1470 | 1272 |
|
848 | |||||
7521020 | 4535972 | 7521182 | 4537686 | |||||||
МХЕ Јабланица1 | Црн Дрим | 1245 | 950 | 0.504 | 1800 | |||||
7461580 | 4575580 | 7464005 | 4574425 | |||||||
Р. Елевска МХЕ Елевска | Црн Дрим | 975 | 730 | 0.309 | 926 | |||||
7468335 | 4586256 | 7466318 | 4586874 | |||||||
Р. Јеловачка МХЕ Јеловска | Вардар | 1460 | 1270 | 0.2 | 652 | |||||
7479934 | 4629821 | 7481282 | 4629910 | |||||||
Р.ЈуручкаМХЕ Јуручка | Кадина река | 1289 | 1190 | 0.930 | 696 | |||||
7536030 | 4625862 | 7535347 | 4627111 | |||||||
Р. Кадина | Вардар | 1400 | 1190 | 0.930 | 984 | |||||
7533995 | 4625598 | 7535321 | 4627090 | |||||||
МХЕ Дуфска река 2 | Вардар | 900 | 750 | 0.418 | 828 | |||||
7483564.3 | 4622459.6 | 7485574 | 4622816 | |||||||
МХЕ Дуфска р.1 | Вардар | 1229 | 1006 | 0.196 | 524 | |||||
7480604 | 4623063 | 7482734 | 4622796 | |||||||
МХЕ Баров Дол | Дошница | 1150 | 1035 | 0.114 | 206 | |||||
4564067 | 7600255 | 7600725 | 4564768 | |||||||
МХЕ Папрад | 1035 | 950 | 0.114 | 148 | ||||||
7600725 | 4564768 | 7601106 | 4565699 | |||||||
МХЕ Боговињска | Вардар | 1412 | 1368 | 1.2 | 495 | |||||
7486745 | 4645170 | 7487043 | 4645001 | |||||||
МХЕ Маздрача | Вардар | 1560 | 1330 | 0.649 | 1980 | |||||
7480886 | 4637003 | 7481904 | 4636899 | |||||||
Р. Крива река МХЕ Воденица | Вардар | 467 | 378 | 3.08 | 150 | |||||
7584217 | 4660200 | 7583685 | 4660693 | |||||||
МХЕ Бачишка ртека 3 | Крива река | 1320 | 1239 | 0.277 | 387 | |||||
7487218 | 4608154 | 7488341 | 4607332 | |||||||
МХЕ Рабетинска р. | Треска | 1000 | 850 | 0.056 | 126 | |||||
7507305 | 4603226 | 7506061 | 4600211 | |||||||
МХЕ Жировница | Жироница | 850 | 747 | 0,954 | 995 | |||||
7466564 | 4614104 | 7467039 | 4613535 | |||||||
МХЕСливничка | Сливничка | 1155 | 880 | 0.111 | 581 | |||||
7473634 | 4579118 | 7472363 | 4578669 | |||||||
МХЕ Коча | Голема | 995 | 785 | 0.26 | 809 | |||||
7473608 | 4577372 | 7472476 | 4577339 | |||||||
МХЕ Присовјанска | Голема | 930 | 730 | 0.154 | 580 | |||||
7474666 | 4576004 | 7472928 | 4576047 | |||||||
МХЕ Голема река 1 | Голема | 1080 | 880 | 0.610 | 2352 | |||||
7471837 | 4580463 | 7472341 | 4578695 | |||||||
МХЕ Голема река 2 | Голема | 875 | 720 | 0.859 | 2484 | |||||
7472373 | 4578653 | 7473003 | 4575684 | |||||||
3. Право на учество на јавниот повик имаат сите домашни или странски правни или физички лица или конзорциуми коиќе подигнат тендерска документација и ќе ги исполнат условите согласно тендерската документација. Тендерската документација може да се подигне во архивата на Министерството за животна срединa и просторно планирање секој работен ден од 8:00 до 16:00ч.
Во тендерската документација се содржани информации за локациите, хидролошки и топографски податоци, како и услови кои треба да се исполнат од страна на концесионерот.
4. Понудувачите треба да достават докази за својата способност што вклучува:
- А) За домашни понудувачи: Документ за регистрирана дејност (ДРД образец) издаден од Централен регистар на Република Македонија,
Б) За странски понудувачи, потребно е да се доставидокумент од надлежен орган – потврда дека се наоѓа на официјалниот трговски регистар кој се води од страна на надлежен орган на државата или потврда од надлежен орган за сертификација кој ги исполнува условите пропишани со закон;
- А) За домашни понудувачи: Извештај за билансот на состојба и податоци од билансот на успех издаден од Централен регистар на Република Македонија за последните три фискални години (2015, 2016 и 2017 година).
Б) за странски понудувачи: ревизорски извештај издаден од ревизорска институција регистрирана за вршење на ревизија за последните три години. Ревизорскиот извештај да содржи податоци за вкупното економско работење на странскиот понудувач за последните три фискални години. Доколку правното лице е регистрирано во период пократок од овој, финансиските извештаи да се достават за периодот од регистрацијата;
- Вкупниот приход на понудувачите, правни лица, кумулативно во последните три години, не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет според понудата во пополнетата и уредно потпишана форма според: Error! Reference source not found.; Доколку правното лице е регистрирано во период пократок од три години, потребните документи да се достават за периодот од регистрација заклучно со последната фискална година.(Вкупните приходи за овие понудувачи не треба да е помал од 500 евра по kW инсталиран капацитет во периодот од неговата регистрација, заклучно со последната фискална година, според неговата понуда во пополнетата и уредно потпишана форма според: Error! Reference source not found.)
За физички лица потврда од банка или друга финансиска институција за обезбедени финансиски средства за изведба на проектот во висина од најмалку 1000 евра по kW инсталиран капацитет според неговата понуда во пополнетата и уредно потпишана форма според АНЕКС C: Писмо за понуда.
- А) За домашни лица: Потврда за платени даноци, придонеси и други јавни давачки, издадена од Управата за јавни приходи на Република Македонија.
- Б) За странски лица: Потврда од надлежен орган во државата на потекло за платени даноци и други јавни давачки;
- А) За домашни лица: Потврда дека над лицето не се води постапка за стечај издадена од Централен регистар на Република Македонија.
- Б) За странски лица: Документ од надлежен орган во државата на потекло дека над лицето не се води постапка на стечај;
- А) За домашни лица: Потврда дека над лицето не се води постапка за ликвидација издадена од Централен регистар на Република Македонија. Б) За странски лица: Документ од надлежен орган во државата на потекло дека над лицето не се води постапка за ликвидација;
- изјава на лицето дека во последните пет години не му била изречена правосилна пресуда за учество во злосторничка организација, корупција, измама или перење на пари,
- документ дека на понудувачотне му е изречена споредна казна забрана за учество во постапки за јавен повик, доделување на договори за јавна набавка и договори за јавно приватно партнерство,
- документ дека на понудувачотне му е изречена споредна казна привремена или трајна забрана за вршење на одделна дејност,
- потврда дека на лицето не му е изречена прекршочна санкција забрана за вршење на професија, дејност или должност, односно привремена забрана за вршење одделна дејност
- Потпишана изјава од сите членки на конзорциумот за заеднички настап на тендерот, Во изјавата членовите на конзорциумот треба да определат водечки член и јасно да го назначат, како и да го изразат процентуалното капитално учество на секоја од членките во конзорциумот.
5. Целокупната понуда треба да биде на македонски јазик. Придружната документација кон понудата, која се бара согласно тендерската документација, треба да е во оригинална форма или копија заверена од нотар. Документацијата не треба да е постара од 6 месеци, освен финансиските извештаи.
6. Понудувачите можат да дадат понуди за една, или за повеќе локации за мали хидроелектрични централи, но не повеќе од една понуда за една локација, односно група на локации. Правно лице истовремено може да биде член само на еден конзорциум кој доставува понуда за иста локација/група на локацији. Постапката за доделување на концесија ќе се спроведе за секоја локација одделно. Минималниот потребен број на способни понудувачи кои можат да поднесат понуда по локација е еден.
7. Понудата треба да го содржи следното:
– писмо за понуда;
– докази наведени во т.4.2 од овој оглас,
– приказ на решението на објектите на топографски и геодетски подлоги,
– податоци за карактеристичните протеци (минимални, средни месечни протеци), за профилот на зафаќање на водата за период од најмалку десет години,
– количеството на вода што се планира да се зафаќа и начинот на зафаќање,
– начинот на испуштање на водите,
– основни карактеристики на објектот со кој се врши дејноста, и
– потпишана изјава од членките на конзорциумот за заеднички настап во оваа постапка за доделување на концесија за вода во која јасно ќе биде назначен водечкиот член и процентуално капитално учество на секоја од членките во конзорциумот.
– Гаранција за учество во постапката
- Лицето кое ќе ја подигне тендерската документација мора да достави овластување од фирмата за која подига документација и во овластувањето да бидат наведени сите потребни податоци за контакт (адреса, телефон, факс и е-маил на фирмата или на лицето овластено од фирмата за контакт).
За подигање на Тендерска документација, заинтересираниот понудувач е должен да уплати неповратни средства во висина од 100 евра во денарска противредност според средниот курс на НБРМ на денот на уплатата. Уплатата треба да се изврши во корист на Министерство за животна средина и просторно планирање,
со назнака: за подигање на тендерска документација за доделување на концесија за вода за производство на електрична енергија од 22 мали хидроелектрични централи
За домашни компании:
Трезорска сметка: 100000000063095
Сметка на буџетски корисник: 121011520278710
Приходна шифра и програма: 725939-40
Депонент: Народна банка на Република Македонија
Даночен број: 4030998358508
За странските компании:
Ministry of Environment and Physical Planning
Plostad Presveta Bogorodica No.3
National Bank of the Republic of Macedonia
SWIFT BIC: NBRM MK 2X
IBAN: MK07 1007 0100 0017 436
9. При изборот на економски најповолната понуда ќе бидат разгледувани само понудите кои ја содржат комплетната документација согласно Инструкциите за понудувачите кои се составен дел од тендерската документација.
- Критериумот за избор на економски најповолна понуда ќе биде пресметан согласно формулата:
C = 12500 x Pi + U (со букви: C е еднакво на дванаесет илјади и петстотини помножено со Pi плус U)
Каде:
C -Критериум за рангирање
Pi -Минимум инсталирана моќност на хидроелектраната во kW која треба да биде инсталирана според понудата на понудувачот и која е наведена воизјавата на понудувачот
– Доколку станува збор за група на локации Pi ќе биде збир на инсталираните моќностите од сите локации во групата
U –Понуден додаток кон минималниот еднократен надомест во Македонски денари
11. Ќе се разгледуваат само понудите доставени во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање на Плоштад “Пресвета Богородица” Бр. 3, втори кат, најдоцна до 20.02.2019 до 10:00 часот по централно европско време.
12. Понудите се доставуваат во еден оригинален примерок. Дополнително, Понудата за локација да се достави и во пренослив електронски уред.
13. Јавното отворање на понудите ќе биде на 20.02.2019 година во 11 часот. Јавното отворање ќе се изврши со читање на Коверт 1, Задолжителна документација и доколку задолжителната документација е комплетна ќе се чита и Коверт 2, Понуда за локација, односно Писмото за понуда. За јавното отворање Комисијата составува записник.
14. Концесијата за користење на вода ќе се даде за период од 23 години согласно Законот за води и Законот за концесии и јавно приватно партнерство. Обврските на концесионерот по потпишување на Договорот за концесија се следните:
– Изготвување на проектна документација за хидроелектричната централа за која се дава Понудата,
– Обезбедување на сите дозволи и исполнување на условите дефинирани во соодветните дозволи согласно законската регулатива во Република Македонија;
– Изградба на објектите согласно проектната документација;
– Обезбедување на неопходните дозволи за работа на хидроелектричната централа, согласно законската регулатива во Република Македонија;
– Управување и одржување на сите објекти во состав на централата.
15. За сите прашања поврзани со овој Јавен оглас заинтересираните инвеститори можат да се обратат кај овластеното лице за контакт:
Касам Зекири, e.mail. kasamzeqiri@gmail.com, k.zekiri@moepp.gov.mk
Тел: 076298210
За подетални информации во врска со локациите за изградба на малите хидроелектрични централи посететеја страницата:www.moepp.gov.mk.
15. Правна заштита
Секој понудувач има право на жалба во рок од 8 дена од денот на прием на одлуката за избор на најповолна понуда, односно во рок од 15 дена од денот на достава на одлуката за поништување на постапката. Жалбата се вложува до Државната комисија за жалби по јавни набавки со седиште на Бул. „Илинден“ Бр.63.а, Скопје која решава по жалбата согласно одредбите од Законот за јавните набавки.
Комисијата за спроведување на постапката за доделување на концесија
Претседател на Комисијата
Неби Реџепи, ср