Според податоците од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентниот воздух и добиената временска прогноза од Управата за хидрометеролошки работи, Ве информираме дека прагот на алармирање за PM10 (надминување на вредноста од 200mg/m3 во текот на два последователни денови) дефиниран во Уредбата за изменување и дополнување на Уредбата за гранични вредности за нивоа и видови на загадувачки супстанции во амбиентниот воздух и прагови на алармирање, рокови за постигнување на граничните вредности, маргини на толеранција за гранична вредност, целни вредности и долгорочни цели (Службен весник на Република Македонија бр.183 од 14.12.2017 година) е надминат во Скопје на мерните места Ректорат и Лисиче.
Од страна на МЖСПП доставена е информација за надминување на прагот на алармирање до Министерство за здравство, Министерство за труд и социјална политика, Државниот инспекторат за животна средина, Управа за животна средина, Сектор за комуникација со јавноста во МЖСПП, Институт за јавно здравје, Град Скопје и Единиците за локална самоуправа каде има епизода на алармантно загадување на воздухот.
Активирани мерките поротив аерозагадувањето во град Скопје
Влада на Република Македонија, почнувајќи од денеска понеделник (08.01.2018) ги активира мерките за ублажување на последиците од аерозагадувањето во град Скопје.
Мерките се активираат по добиените информации дека квалитетот на воздухот последователно два дена е надминат над дозволеното, односно над 200μg/m3 на мерните станици во Град Скопје односно мерните станици Лисиче и Ректорат.
Во продолжение списокот на мерките:
Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за здравство се должни да:
- Ги oслободат од работни обврски бремените жени, лицата постари од 60 години, лицата со хронична астма, лицата со прележан инфаркт или мозочен удар, без разлика на возраста
- Да се реорганизира работното време, лицата на отворено да работат од 11 до 17 часот.
- Да ја спроведат забраната за одржување на спортски натпревари и други манифестации на отворено
- Да обезбедат услови за зголемени активности на службата за брза помош, домашната посета и патронажната служба
Министерството за внатрешни работи да ја активира и да ја спроведе:
- Одлуката и контролата на веќе воведениот сообраќаен режим за тешки товарни возила чија крајна дестинација не е Скопје, во координација со МВР (да се користи обиколницата)
Единиците на локална самоуправа се должни да ги спроведат:
- Издавањето на одобренијата за дотур на роба во забранети зони за сообраќај со важност до 7:30 часот
- Обуките на авто школите да се реализираат во период од 9:30 до 14:30 и по 18:00 часот
- Да се обезбеди или бесплатен јавен превоз или намалување на цената на билетот на градскиот превоз во период на неповолни климатски услови, што би било поттик за граѓаните за користење на јавниот градски превоз
- Да се зголеми фрекфенција на автобуси на ЈСП на сите дестинации
- Дневно чистење на улиците и пешачките површини
- Да ги зголемат инспекциските контроли на градилиштата, на ракувачите со отпадни масла и сервисите што работат на промена на масла.
Владата на Република Македонија:
- Ги задолжува сите органи на државна управа, агенциите, фондовите, бироата, заводите, јавните претпрјатијата и АД во државна сопственост, како и на ЕЛС да ја ограничат (до 50%) употребата на службените возила
Градежните компании имаат обврска:
- Да користат вода за намалување на прашината при градежни активност (прскање, миење гуми пред излез од градилиште итн.)
- Имаат обврска градежните машини (багери, булдожери, виљушкари) да се пренесат до градилиштата до 7:30 часот наутро