Во врска со член 2 од Наредбата за ограничување на увозот на супстанциите кои ја осиромашуваат озонската обвивка („Службен Весник на Република Македонија“ бр. 92/10,150/12) Министерството за животна средина и просторно планирање информира дека количината за увоз на супстанции од Прилогот на горенаведената Наредба ќе биде ограничен на 22.948,8 кг за 2018 година. Увозот на предметните супстанции ќе биде одобруван по принципот прв дојден – прв услужен.
Соопштение за јавноста 28.12.2017 год.
декември 28, 2017