Ве известуваме дека министерот за животна средина и просторно планирање, Башким Амети и раководителот на Одделот за инфраструктура, земјоделство и социјални политики во Делегацијата на Европска Унија, Мауро Ди Вероли, утре, на 17.05.2017г. (среда) ќе ја отворат конференцијата за одржливо управување со отпад на регионално ниво која се одржува во рамки на проектот финансиран од ЕУ: „Подготовка на потребни документи за воспоставување на интегриран и финансиски самоодржлив систем за управување со отпад во Пелагониски, Југозападен, Вардарски и Скопски регион”.
Конференцијата ќе се одржи во Мериот Хотел, Скопје, со почеток во 10:15 часот.
Главна цел на конференцијата е подигање на свеста за значењето на Интегрираните системи за управување со отпад и зголемување на видливоста на Проектот, како и промовирање на политиките на ЕУ и проектите за отпад на МЖСПП.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.