КОРИСТЕЊЕ НА ВОДНИ РЕСУРСИ |
Индикаторот го следи користењето на водните ресурси според нивната употреба во поедините сектори како што се: јавно водоснабдување, наводнување и производство на електрична струја (ладење), губитоците на водата од системите за водоснабдување на оние правни лица кои се регистрирани за црпење на вода за производство или за дистрибуција на води како и индексот на експлоатација на водата (WEI).
- Индекс на експлоатација на водата – WEI се изразува во %;
- Количина на користени водни ресурси се изразува во милиони m3 годишно
Дали апстракцијата на водите се базира на одржливоста на водите?
Во периодот од 1990 до 2014 година, се бележи осцилаторен тренд на користење на водите. Посебен пораст е забележан во 2012 година, каде најголеми колични на водни ресурси се потрошени за наводнување. Тоа се должи на фактот што 2012 година беше сушна а распоредот на врнежите беше таков што овозможи полненење на акумулациите со потребните количини на вода за наводнување.
Слика 1. Индекс на експлоатација на водата
Слика 2. Користење на водни ресурси по сектори
Слика 3. Зафатена вода
Слика 4. Бруто зафатена површинска вода
Слика 5. Бруто зафатена подземна вода
Слика 6. Губење на вода во транспорт
Слика 7. Нето диструбуирана вода
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци:Државен завод за статистика, Управа за водостопанство, ЈП Водовод и канализација, Водните заедници
Во периодот од 1990 до 2014 година, се бележи променлив тренд на користење на водите во земјата. Посебен пораст на потрошчката на вода е забележан во 2004 и 2012 година.Најголем корисник на површински и подземни води во разгледуваниот период се преработувачката индустрија и наводнувањето. Во годините од 2000 до 2003 како и 2008, 2011 и 2012 количините зафатена вода за наводнување гинадминуваат тие за преработувачката индустрија. Во целокупниот разгледуван период најмалаепотрошувачка на вода за производството на електрична енергија односно заладење на електарните.
Што се однесува до зафаќањето на вода, од слика 3 се гледа дека најголеми количества се зафатени во во 2012 година.. Во текот на разгледуваниот период зафаќањата на подземни води се без поголеми осцилации со исклучок на 2012 година во која се бележи раст. Истата 2012 година највисоки се и вредностите на зафатена површинска вода.
Зафаќањата на подземнте води воглавно се за водоснабдувања на домакинства и индустрија додека делот за земјоделие, шумарство и риболов е занемарлив. Од графоконот со број 6 се гледа дека најголема загуба на вода во транспорт се јавила во 2004 и 2005 година, додека најмали загуби се регистрирани во 2007 година и во годините од 1999 до 2003. Спротивно при зафќањата на подземните води, при нето дистрибуираната вода најголем дел се троши за земјоделие, шумарство и риболов.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Податоците се обезбедуваат и обработуваат по сектори и видови индустрија.
Експлоатациониот индексна вода (wei) се пресеметува преку средно годишната вредност на вкупната апстракција на вода поделена со вкупната средно годишната вредност на обновливи слатководни ресурси на ниво на држава.
WEI =(totABS/LTAA) *100
Каде што: totABS = средно годишната вредност на вкупната апстракција на вода за сите намени; LTAA = долгорочна годишна просечна вредност на слатководните ресурси, каде податоците се изразени во просек за период од најмалку 20 последователни години. Единица =%
Листа на релевантни политички документи:
Националниот еколошки акционен план – 2 и Стратегиите за мониторинг и управување со податоци.
Политиката за одржлива употреба на водните ресурси во согласност со Шестиот акционен еколошки план и барањата на Рамковната директива за води.
Национална стратегија за води.
Законска основа
Законот за води пропишува Основните плански документи за заштита, одржување и постојано подобрување на расположливите водни ресурси и рационално користење на достапните количества вода.
Основни документи за планирање и развој на управувањето со води се:
- Национална стратегија за води
- Водостопанската основа на Република Македонија и
- Планови за управување си речни сливови.
Законот пропишува дека одржувањето и подобрувањето на водниот режим се спроведува врз основа на планови за управување со речните сливови. Таквите планови содржат цели на заштита на животната средина, добар статус на површинските водни тела (добар квантитативен и хемиски статус, вклучувајќи добар еколошки потенцијал) и на подземните водни ресурси (добар квантитативен статус и хемиски статус).
Употребливоста на водата за различни намени се утврдува според Уредбата за класификација на водитеспоред којашто водата се дели на пет различни класи, во зависност од нивото на загаденост, а карактеристиките на водата се одредуваат според класите и намените за коишто водата може да се користи.
Нема специфични цели.
Обврска за известување
- OECD/EUROSTAT
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI/ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
MKNI 018 | Користење на водните ресурси | CSI 018 | Use of freshwater resources | П | A |
|
годишно |