Во четврток, 15 октомври 2020, година ќе се организира официјално пуштање во употреба на новата станица за мониторинг на квалитет на воздух. Церемонијата ќе се одржи пред самата станица која е лоцирана во непосредна близина на детска градинка „Детска радост“ – клон „Сончогледи“, на улицата Ристо Јанев во Гевгелија, со почеток во 12 часот.
Свои обраќања ќе имаат министерот за животна средина и просторно планирање Насер Нуредини, министерот за локална самоуправа Горан Милевски, шефот на Делегацијата на Европската Унија, Дејвид Гир и градоначалникот на општина Гевгелија Сашо Поцков.
Набавката на мониторинг станицата е реализрана во рамките на проектот „Развивање и имплементација на здравствен индекс за загадување на воздухот во прекуграничниот период“, финансиран од INTERREG IPA програмата за прекугранична соработка помеѓу Грција и – Република Северна Македонија 2014-2020.
Мониторинг станицата ќе биде дел од Државниот автоматски мониторинг систем за квалитет на амбиентен воздух, со кој управува Министерството за животна средина и просторно планирање.
Ги покануваме новинарите и фотографите да присуствуваат на настанот, при што задолжително е почитување на здравствените протоколи за организација на јавни настани (https://vlada.mk/protokoli-koronavirus), што подразбира одржување на растојание, задолжително носење на заштитни маски и дезинфекција.