Министерството за животна средина и просторно планирање ја известува заинтересираната јавност дека инвеститорот ДПТ “СИЛГЕН РЕСУРСИС ИНТЕРНЕШНЛ“ ДОО од Кратово, со седиште на ул. “Гоце Делчев“ бр. 70, Кратово, достави известување за намера за изведување на проектот: Експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро, на локалитетот “Плавица и Црн врв“ во општина Кратово и општина Пробиштип и преглед со кој се утврдува потребата од оцена на влијанието на проектот врз животната средина и листа на проверка за определување на обемот на оцена на влијанието на проектот врз животната средина.
Целта на проектот е искористување на утврдените рудни резерви и поттикнување на локалната, регионалната и националната економија. Рудните резерви предвидено е да бидат експлоатирани со конвенционален метод на експлоатација во површински коп. Во фазата на подготовка на минералната суровина ќе бидат вклучени активности на дробење и мелење на рудата. Фазата на добивање на готов производ претставува екстрактивна металургија што би вклучила хидрометалуршки и електролитски постапки.
Надлежен орган за донесување на одлуката е Министерството за животна средина и просторно планирање.
Целосното известување за намера за изведување на проектот: Експлоатација на минерална суровина – бакар, злато и сребро, на локалитетот “Плавица и Црн врв“ во општина Кратово и општина Пробиштип, може да се види на интернет страната на Министерството за животна средина и просторно планирање –www.moepp.gov.mk.
Контакт лица:
ДПТ “СИЛГЕН РЕСУРСИС ИНТЕРНЕШНЛ“ ДОО од Кратово
ул. “Гоце Делчев“ бр. 70, Кратово; Гоце Златков тел:032 480480; 078 373 827
е-маил: gzlatkov@yahoo.com
Министерство за животна средина и просторнио планирање
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
Билјана Петкоска – Раководител на сектор за животна средина
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
тел: 076 455 427; е-маил: b.petkoska@moepp.gov.mk
Влатко Цветаноски – Советник во одделение за ОВЖС
Плоштад Пресвета Богородица бр. 3, 1000 Скопје
тел: 076 455 426; е-маил: v.cvetanoski@moepp.gov.mk