Министерството за животна средина и просторно планирање Ве информира дека согласно Законот за управување со отпадот (Службен весник на Република Македонија бр. 68/04, 71/04, 107/07, 102/08, 143/08, 124/10, 51/11, 123/12, 147/13, 163/13, 51/15, 146/15, 156/15, 192/15, 39/16) сите заинтересирани кандидати за полагање на испитот за УПРАВИТЕЛ СО ОТПАДможе да достават писмо за интерес за полагање на испитот во архивата на Министерството за животна средина и просторно планирање.
Пред организирање на испитот ќе бидете контактирани да ги доставите потребните документи.
Исто така на кандидатите кои ќе полагаат стучен испит за стекување со звање УПРАВИТЕЛ СО ОТПАД не се бара да имаат посетувано било каква обука за Управител со отпад. Задолжителни се само условите пропишани во член 38 од Законот за управување со отпадот.
Напоменуваме дека ниту еден правен субјект кој во иднина ќе сака да организира обуки поврзани со управувањето со отпадот не е потребно да има лиценца, овластување за таа намена, ниту пак може да се преставува како овластен правен субјект за спроведување на обуки.
Министерство за животна средина и просторно планирање