Ве информираме дека утре, на 21.09.2018 година (среда), министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки ќе ја отвори Третата министерска конференција за животна средина и климатска акција во Западен Балкан, организирана од Советот за регионална соработка (RCC) и Министерството за животна средина и просторно планирање на Р. Македонија.
Воведни обраќања ќе имаат и генералниот секретар на RCC, Горан Свилановиќ, раководителот за меѓународна соработка во Делегацијата на Европската Унија во Скопје, Никола Бертолини и директорот на Секретаријатот на Енергетската заедница, Јанез Копач.
На Конференцијата ќе учествува и заменик министерот за животна средина и просторно планирање, Јани Макрадули, а се очекува присуство на ресорни министри од регионот.
Министерската конференција, ќе се одржи во просториите на Хотел Мериот (ул. Максим Горки) во Скопје, со почеток во 8:30 часот, кога се предвидени изјави за медиумите.
Ве покануваме со Ваши екипи да присуствувате на настанот.