Известување за изработка на нов Закон за управување со отпад

1. Назив на Министерството: Министерството за животна средина и просторно планирање

Министерството за животна средина и просторно планирање во рамките на ЕУ Твининг Проект „Зајакнување на административните капацитети за спроведување на Рамковната Директива за отпад и директивите за посебните видови на отпад (пакување, батерии и отпад од електрична и електронска опрема)“ започна со изработка на нов закон за управување со отпад.

2. Проблем: При анализа на состојбата со управување со отпадот во Република Македонија како главни проблеми за управување со отпадот беа утврдени следните:

– неусогласеност на Законот за управување со отпадот и прописите кои произлегуваат од него со барањата кои произлегуваат од новите измени на правото на ЕУ од областа на отпадот, особено во дефинициите за отпадот;

– преклопување на дел од надлежностите на институциите во управувањето со отпадот и усогласување на на истите помеѓу централната и локалната власт;

– недоволна имплементација на прописите за управување со отпад;

– делумно спроведување на економските мерки кои имаат за цел воспоставување на системот за искористување на отпадот;

– недостаток од соодветна инфраструктура за управување со отпадот.

  1. Цел: Главна цел на новиот закон за управување со отпад е воспоставување на ефикасен систем за управување со отпад со кој ќе се овозможи минимизирање на негативните влијанија на создавањето и управувањето со отпадот врз човековото здравје и животната средина преку почитување на хиерархијата на отпад.

За исполнување на целта е потребно исполнување на следните подцели:

– воспоставувањето на деловни односи како давател и корисник на услуга меѓу општината и јавните служби (на локално и регионално ниво), со цел да се постигне оптимален однос меѓу квалитетот на услугата и надоместокот што се плаќа за услугата и што се побарува од населението.

– воспоставување на економските мерки кои се од клучно значење за идниот развој и долгорочната одржливост на услугите на управување со отпад, т.е. враќањето на трошоците и финансирањето на инвестициите и услугите поврзани со отпадот, воспоставување на економските и финансиските инструменти за регулирање на активностите за намалување/рециклирање на отпадот и подобрувањето на инвестициите и на ефикасноста на услугите преку конкуренција и вклучување на приватниот сектор во системот за управување со отпад.

  1. Временска рамка за изготвување на законот:

–          Декември 2017 година – почеток на подготовката на законот и подготовка на извештај за проценка на влијанието врз регулативата;

–          Февруари 2018 година – финализирање на прва работна верзија на законот и првата нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието врз регулативата;

–          Март 2018 година – објава на првата нацрт верзија на текстот на законот и нацрт верзија на извештајот за проценка на влијанието на регулативата на веб страната на Министерство за животна средина и просторно планирање за доставување на коментари и забелешки по истата;

–          Април – Мај – организирање на состаноци, јавна расправа, разгледување на доставените забелешки од страна на МЖСПП и работните групи и внесување на доставените забелешки;

–          Јуни 2018 година – Објава на втора нацрт верзија на законот на веб страната на МЖСПП и нацрт изветшајот за ПВР и

–          доставување до Владата на Република Македонија – Септември 2018 година.

Паралелно со подготовката на текстот на законот ќе се работи на подготовка и на извештај за процена на влијанието на регулативата.

5. Засегнати страни:

  1. Органи на државна управа :

–          Министерство за транспорт и врски;

–          Министерство за здравство;

–          Министерство за локална самоуправа;

–          Министерство за економија;

–          Министерство за труд и социјална политика;

–          Министерство за информатичко општество и администрација;

–          Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство;

–          Заменик претседател на Владата на РМ задолжен за економски прашања;

–          Секретаријат за европски прашања;

–          Царинска управа

–          Агенција за храна и ветерина

  1. Единици на локална самоуправа

–          Општини во РМ (80 општини и градот Скопје)

–          ЗЕЛС (Заедница на единици на локална самоуправа)

–          Јавни комунални претпријатија на територијата на РМ

–          Меѓуопштински одбори за управување со отпад

  1. Стопански Комори

–          Стопанска Комора на РМ

–          Сојуз на Стопански комори

–          Стопанска Комора на Северозападна Македонија

  1. Колективни постапувачи (КП)

–          КП за постапување со пакување и отпад од пакување

–          КП за постапување со електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема

–          КП за постапување со батерии и акумулатори

  1. Невладини организации кои делуваат во полето на заштитата на животната средина

6.Начин на вклучување на засегната јавност:

Во рамките на проектот се формирани повеќе работни групи за одделни текови на отпад.

Во подготовката на рамковниот закон за управување со отпад значајна е ангажираноста на сите работни групи и тоа:

Работна група Членови
Работна група за текстил –          Стопанска комори: Стопанска комори на РМ, Сојуз на северозападна македонија и Сојуз на стопански комори, Текстилно трговско здружение на Македонија – Текстилен кластер

–          НВО Епицентар

–          Министерство за финансии

–          Царина

Работна група за превенција на отпад –          МЖСПП

–          НВО – Ајде Македонија, Планктониум, Центар за климатски промени, ОХО, Биди зелен

–          Факултети – Машински и Економски, Американ Колеџ

Работна група за гуми –          МЖСПП

–          Фени индустри

–          Автокуќа Заковски

–          SUNILENS

–          ФПМ Минол Штип

–          Еко тим Скопје

–          Екоцентар 97 Скопје

–          Депонија Дине, Велес

–          Центар за рециклажа

Работна група за електрична и електронска опрема и отпад од електрична и електронска опрема –          МЖСПП

–          Колективни постапувачи: Елколект, Нула отпад, Екон електрон

–          OBA- IVAL Trade

Работна група за пакување и отпад од пакување –          МЖСПП

–          Колективни постапувачи – Еуроекопак, Еко-пак хит и Пакомак

Работна група за податоци МЖСПП

 

 

  1. Електронска адреса каде засегнатите страни ќе можат да ја преземат електронската верзија на предлог на законот и нацрт Извештајот за ПВР:

www.ener.gov.mk

www.moepp.gov.mk

http://wmtwinning.moepp.gov.mk

 

  1. Адреса и/или електронска адреса каде ќе можат да се достават мислењата, забелешките и сугестиите:

ivana.toceva@gmail.com

 

  1. Одговорно лице за контакт во министерството:

Ана Мазнева Каранфиловска, раководител на Сектор за управување со отпад

email: A.Mazneva@moepp.gov.mk

 

Јадранка Иванова, раководител на Сектор за ЕУ

email: J.Ivanova@moepp.gov.mk