ИНФОРМАЦИЈА ДО МЕДИУМИ

Ве информираме дека на 8 ноември 2017 година (среда), со почеток во 10 часот во Клубот на пратеници во Скопје министерот за животна средина и просторно планирање Садула Дураки и заменик министерот Јани Макрадули ќе одржат состанок со градоначалникот на Градот Скопје и градоначалниците на општините од Скопскиот плански регион за координирање и усогласување на актвиностите за намалување на загадувањето на амбиенталниот воздух.

Презентации за моменталната состојба, законските ингеренции,  актуелните планови,  досегашните искуства и  проблеми, предлог мерките и патоказите како и за дефинирање на идна комуникација и делување ќе имаат МЖСПП, УНДП, Државниот инспекторат за животна средина и Инспекцискиот совет.

На средбата ќе присуствува и постојниот претставник на УНДП во Македонија Луиза Винтон.

Изјави за медиуми се предвидени во 11:15 од страна на заменик министерот Јани Макрадули, градоначалникот на Скопје Петре Шилегов и постојниот претставник на УНДП Луиза Винтон.