Информација до медиумите

Почитувани,

Ве информираме дека заменик министерот за животна средина и просторно планирање Јани Макрадули и Јаромир Левичек од Делегација на ЕУ во Македонија, ќе имаат воведно обраќање на панел дискусијата на тема “Од отпад до енергија – предизвици и можности” која ќе се одржи во вторник, на 21 ноември 2017 г. во рамки на одбележувањето на Европската недела за намалување на отпадот.

Настанот ќе се организира во М6 Едукативен Центар – Скопје (aдреса: ул.810 бр.2 во близина на Алкалоид) со почеток во 10:00 часот.

Изјави за медиуми ќе бидат дадени во 11:45.

На панел дискусијата се поканети претставници на МЖСПП,  на ИНА Енерго Систем Скопје, македонски партнер на италијанскиот конзорциум “Еко Енерџи”;на компанијата  Везе Шари и Лекер и на Цементарница Усје АД Скопје.