Поранешни министри

Каја Шукова - од февруари 2023 год. до јуни 2024 год.

Minister_Kaja_Sukova

Име и презиме Каја Шукова
Дата и место на раѓање 01.01.1970, Скопје, Македонија
Државјанство Македонско
Телефон 02/23251-403
e-mail k.sukova@moepp.gov.mk, kajasukova@yahoo.com
Образование
1989 – 1995
Дипломиран инж.технолог (прехранбена биотехнологија) VII/1
Технолошко-металуршки факултет Скопје
 
Професионално искуство
од 27 Февруари 2023 до 24 Јуни 2024 Министерка за животна средина и просторно планирање
Октомври 2020 – Февруари 2023  Министерство за животна средина и просторно планирање – Државен секретар
Јуни 2001 – октомври 2020  Министерство за животна средина и просторно планирање – Раководител на сектор за одржлив развој и инвестиции
Мај 2000 – Мај 2001  Министерство за животна срединаСектор за одржлив развој Одделение за подготовка на проекти, Советник
Декември 1999-Април 2000  Министерство за животна средина, Сектор за меѓународна соработка, Советник
Февруари 1999-Ноември 1999 Министерство за животна средина, Одделение за еко-менаџмент, Договор на дело
Новември 1998-Јануари1999 Министерство за градежништво, урбанизам и животна средина, Договор на дело
1997-1998 Пивара – Скопје, погонски инженер одговорен за производство на пиво и безалкохолни пијалоци
1996-1997 МОТО ТРЕЈД- Скопје
1993-1994 АИВА БЕК -Скопје
Странски јазици Англиски (активно)
Германски (пасивно)
Компјутески вештини MS OFFICE
Internet
Kлучни квалификации:      

 

  • Управување и планирање на животната средина (Управување со проектен циклус)
  • Учество во подготовка на законски акти, хармонизација со ЕУ, процес на скрининг и преговори
  • Управување со животната средина во насока на одржлив развој и заштита на воздух, води, почви и природни ресурси од загадување (во корелација со политиките на секторите енергетика, транспорт, земјоделие итн)
  • Развивање на политики, програми и проекти од областа на животна средина и одржлив развој
  • Координација на институционални и инфраструктурни проекти од областа животна средина, со особен акцент на управување со води и отпад
  • Координација на институционални проекти од сегментот одржлив развој во Македонија
  • Подготовка на работни задачи, тендерски досиеја, анализи, извештаи и останати работни документи од областа животна средина
  • Фасилитирање на работилници, семинари, обуки, јавни дебати и сл.

 

Доквалификации и обуки

 

  • РИП телеком програма, Обука за управување и подготовка на проекти, проектен циклус, проектен менаџмент, 2001/2002
  • Обука во САД, Меѓународна програма за лидерско управување – управување со води на САД, 2011
  • JICA, Токио Јапонија, тренинг програма за управување со води, 2009
  • Низа на локални обуки од областа управување со животна средина, проектен менаџмент, администрација и слично

Реализирани проекти и активности

  • Копретседател на Подкомитет за транспорт, енергетика, регионален развој и животна средина, 2021 – тековно
  • Член на Комитет за европски интеграции 2022 – тековно
  • Претседател на Управен комитет на Програмата за заштита на природата, SECO, Swiss, 2021-тековно
  • Член на Генерален колегоум при Влада на РСМ по функција Државен секретар, 2020 – тековно
  • Член на Координативно тело при Влада на РСМ за Преспа, 2020- тековно
  • Координирање на проект за воспоставување на регионално управување со отпад во 5 региони во Југоисточен, Вардарски, Пелагониски, Југозападен и Полошки регион – нова информација за Влада, подготовки за нов заем од ЕБРД, тековно
  • Координирање на проект за системи за водоснабдување и канализации, заем од ЕИБ, тековно
  • Подготовка на барање за заем до ЕБРД за енергетска ефикасност на пречистителни станици, тековно
  • Учество во Иницијатива за прогласување на заштитено подрачје Малешево (Швајцарска амбасада – СЕКО, Македонско еколошко друштво, Фармахем-Скопје)
  • Учество во Иницијатива за реплогасување на Водно за заштитено подрачје – координативни состаноци за процесот согласно реакциите на јавноста по предлог Одлуката за прогласување
  • Учество во постапка за прогласување на Осогово за заштитено подрачје
  • Утврдување на потенцијална помош во областа животна средина од донатори и фондации – состаноци со Фридрих Еберт, УНДП, УНОПС, УСАИД, континуирано
  • Учество во спроведување на постапките за донесување на измени на законите од областа животна средина и нов пакет од 6 закони од областа отпад (седници на генерален колегиум, седници на КЕСТЕП и седница на Влада)
  • Координирање на процесот за доработка на Закон за индустриски емисии, тековно
  • Имплементација на предпристапна помош на ЕУ – ИПА – процес на програмирање и имплементација на ИПА 2 и ИПА 3 , тековно
  • Управување и управување со Програмата за инвестирање во животната средина 2007-2020
  • Focal point за животна средина на UNECE, 2010 – тековно
  • Член на Управен комитет, Подготовка на Стратегија и Закон за климатска акција
  • Координација на имплементација на проекти за изградба на пречистителна станица во Кочани и систем за водоснабдување во Делчево 2015-2021
  • Проектен менаџер на проект за изградба на пречистителна станица во Гевгелија 2010-2019
  • Проектен менаџер на проект за изградба на пречистителна станица во Волково и Сарај, 2015-2017
  • Координација и учество во подготовка на проекни низи за инфраструктурни проекти во областа води и отпад, 2001 – континуирано
  • Проектен менаџер, изработка на Секторска стратегија за животна средина и климатска акција, 2014-2015
  • Проектен менаџер, изработка на втор Преглед на состојбите со животната средина за Македонија, 2011 – 2012
  • Проектен менаџерПодготовка на План и студија за отпад од електрична и електронска опрема 2009-2011
  • Национален координатор на Комисија за доделување на концесија за интегрирано управување со отпад во Југоисточна Македонија, 2009-2014
  • Проектен координатор на проект за Подготовка на национална стратегија за инвестиции во животната средина на Република Македонија за период2009-2013, 2008-2009
  • Кооринирање на процес на подготовка на ЛЕАПи во Македонија, втора фаза, 2008-2012
  • Член на Надзорен комитет и фокал поинт при подготовка на Студија за третман на отпадни води на Град Скопје, 2007-2009
  • Национален координатор на проект за Развивање на планови за ремидијација со финансиски сценарија за жешки точки во Македонија, CARDS 2006, 2006-2007
  • Национален консултант за ПХБ (UNIDO), Проект : Почетни активности за рана имплементација на Стокхолмската конвенција за перзистентни органски загадувачи во Република Македонија 2006-2007
  • Национален проектен менаџер на проект Техничка помош за развивање на Втор Национален акционен план за животна средина, 2003-2005, CARDS 2004
  • Координација при подготовка на Стратешки план на МЖСПП, буџет и тековни активности, 2005-континуирано
  • Заменик координатор на проект за Изработка на Национална стратегија за одржлив развој со акционен план, 2005-2006
  • Лидер на проектна задача, CARDS 2004, Институционално зајакнување на МЖСПП, 2005-2006
  • Член на телото за подготовка на ЕУ прашалник за Македонија, 2004
  • Координатор на SIDA/REC проектот за развивање на ЛЕАПи во Македонија (со изработка на национална методологија за подготовка на ЛЕАПи – 2004-2006
  • Проектен кооринатор за реализација на проектот за изградба на хидросистем Дојранско Езеро, 2001-2004
  • Национален координатор на проект Зајакнување на капацитети на МЖСПП (capacity building компонента), UNDP, 2001-2005
  • Член на Управен комитет, Интегрирано управување со Екоситем Преспа Парк, 2000-2002
  • Кооординација на проект на UNDP за Развивање на Методологија за подготовка на национална стратегија за одржлив развој, 2003
  • Коррдинација на процес за Подготовка на прирачник за Локална агенда 21, 2003-2004
  • Член на работна група SOP 99 – Зајакнување на капацитети на МЖСПП, хоризонтално законодавство, 2002-2004
  • Член на технички комитет за хоризонтално законодавство (НПАА) 2003-контонуирано
  • Член на управен комитет на проект за подготовка на Национална проценка за одржлив развој на Република Македонија, 2002
  • Координатор, Развивање на Програма за јавни инвестиции, дел животна средина, 2000-2015
  • Иницирање и изработка на законски акти и регулатива од областа, заради нејзино усогласување со истата на ЕУ, реализација на обврски кои произлегуваат од потпишани конвенции, протоколи и меѓународни договори (дадени препораки за Законот за изменување и дополнување на Законот за заштита и унапредување на животната средина и природата)
  • Иницирање и управување со проекти кои се однесуваат на заштеда на енергијата и климатските промени, управување со хемикали и изготвување на стратегии, студии, анализи и монитирање во областите на водоснабдувањето, прочистување на отпадните води, депонирање и рециклирање на цврстиот и течен отпад
  • Изработка на предлог апликации за ГЕФ, РЕРеП, Јапонски грантови и останати донаторски програми
  • Изработка на проектните апликации за проектите од областа на животната средина кои ќе бидат составен дел на ПИП
  • Проект EXPO 2000, Хановер – координација при изработката на материјалот за презентација на изложбата
  • Стратешка оценка на влијанието на инвестициите врз животната средина, со цел соодветно планирање на просторот, преку оценка на влијанието врз животната средина на пооделни инвестиции, и тоа во прекуграниен контекст, понатаму при реализирање инвестиции преку финансирање на истите по пат на кредити или донации (преку издавање Мислења за подобност на инвестиција од аспект на животна средина), давање Мислења по проекти, технолошко-еколошки елаборати и сл.
  • Одговор на прашалници (добиени од страна на различни меѓународни институции) од области за влијанија врз животна средина, законската легислативе и сл.
  • Реализација на одредбите од Законот за царините, во делот на ослободување од царински давачки за стоки кои се директно вклучени во заштитата на животната средина, преку давање Мислења.
  • Реализација на Одлуката за распоредување на стоките на форми на увоз и извоз, односно издавање дозволи за увоз-извоз
  • Овластување на правни субјекти за вршење определени стручни работи од сверата на заштитата и унапредувањето на животната средина и природа, согласно чл. 11 од основниот закон за животна средина
  • Контакти со домашни и меѓународни органи, агенции, организации и асоцијации
  • Подготовка на информации за билатерални и мултилатерални средби
  • Активно учество во работата на меѓународни договори
  • Активно учество на меѓуминистерски состаноци
  • Активно учество во организирање на предминистерската конференција јануари, 2000 и министерската конференција март, 2000 итн.

 

 

Насер Нуредини - од јуни 2019 год. до февруари 2023 год.

Minister_Naser_NurediniНасер Нуредини е роден во Тетово, Северна Македонија. Тој се преселил во Виена како дете и бил едуциран во Виенската меѓународна школа, пред да го заврши своето високо образование во Обединетото Кралство.

Насер Нуредини ја изгради својата кариера во областа на финансиите во Лондон и Виена, најпрво како аналитичар, а потоа и како инвестициски менаџер за пазарите во Централна и Источна Европа.

Неговата главна цел во овој период беше да се привлечат квалитетни, чисти и зелени инвестиции во регионот во кој живее, при што го насочува своето прекугранично искуство  да биде мост помеѓу западниот и источниот дел.

Неговата посветеност за зелената економија допринесе да се оствари модерен пристап кон управувањето со животната средина, кој создава нови работни места, грижа за здравјето и долгорочна благосостојба на своите жители.

 

ОПШТИ ПОДАТОЦИ

Дата на раѓање: 23 Септември 1979
Место на раѓање: Тетово, Република Северна Македонија
Брачен статус:  Женет, татко на едно дете

РАБОТНО ИСКУСТВО

Од јуни 2019 год. до Февруари 2023 год. – Министер за животна средина и просторно планирање

Април 2016 – Nuredini GmbH, Виена, Директор, Советник

Септември 2014 – Март 2016  Acquisitor ltd BVI and THAL Discretionary Fund BVI, Виена-Монако, Директор за Менаџирање на средства и стратешки инвестиции

Март 2013 – Јуни 2014  MKS Management, Виена-Фреибург, Консултант

Јули 2011 – Ноември 2012  ING Bank NV, Лондон, Директор за инвестиции на листирани коорпорации во пазарот на Источна Европа

Јули 2006 – Јули 2011 UniCredit CAIB UK Ltd./UniCredit Bank AG, Лондон, Заменик претседател за Менаџирање на инвестиции во Источна Европа

Декември 2005 – Јуни 2006 CAIB International Markets Ltd., Лондон, Аналитичар за истражување на пазар на капиталот за листирани финансиски компании и недвижности во Источна Европа

Март 2004 – Ноември 2005  B.P. Invest Consult, Виена, Аналитичар

ОБРАЗОВАНИЕ

1998 – 2002  University of Brighton, East Sussex, BA (Hons) in “International Business“, Велика Британија

2000 – 2001 Fachhochschule Mainz  “International Business“, Германија

1989 – 1998  Vienna International School  “International Baccalaureate”, Австрија

1986 – 1989  ОУ Сабидин Бајрами, Р. Северна Македонија

СОЦИЈАЛНИ ВЕШТИНИ И СПОСОБНОСТИ

Јазици течно: Албански, Англиски, Германски
Зборува: Српски


ОСТАНАТО

Член ФЦА на Обединето Кралство на Велика Британија

Член на Xetra, Eurex dhe Euronext

Организација на две хуманитарни активности како што се:  “St Anna Kinderspital” за борба против рак и друг фонд за деца со лимитирани способности.

Садула Дураки - министер oд мај 2017 год. до јуни 2019 год.

Sadulla_DurakiСадула Дураки е роден на 21 Јануари 1960 год во Куманово, Република Северна Македонија. Дипломирал во Приштина, на Технички факултет – по машинска насока, каде се стекнал со титулата инжиниер по машинство.

Своето работно искуство го почнал во 1995 година како професор на Средно Економско Училиште “Перо Наков“ во Куманово, истата година предава и во Средно Техничко Училиште “Киро Бурназ“ во Куманово. Во 2000 година е именуван за директор во Царинска Управа на Република Северна Македонија, на таа функција беше до 2002 година. Во 2002 година е именуван за заменик директор на Царинска Управа на Република Северна Македонија. Во 2004 година е именуван за министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. Во 2006 е избран за пратеник во Собрание на Република Северна Македонија. Во 2008 е именуван за директор на Агенцијата за Развој и Инвестиции, функцијата како директор го ја вршеше до 2009, истата 2009 година е избран за градоначалник на Општина Липково, позицијата градоначалник на Општина Липково ја вршеше и по локалните избори во 2013 година. Во 2017 година е именуван за министер за животна средина и просторно планирање.

Садула Дураки е женет, татко на едно дете (девојче). Зборува албански јазик (мајчин јазик) и делумно македонски и германски јазик.

Башким Амети - министер oд април 2016 год. до мај 2017 год.

baskim_ameti_m111

Име и презиме: Башким Амети

Адреса: Ул.1 бр.69 Глумово, Скопје

Датум на раѓање: 24.03.1983 год.

Националност: Албанец

Образование:
Правен факултет при ЈИЕ Универзитет во Тетово (2002-2007)
Правосуден испит
Нотарски испит

Обуки и курсеви:
Школа за млади политичари (2011) – Фондација Фридрих Еберт

Работно искуство:
Д.П.П.У Гетоар (2007)
Адвокатска канцеларија (2008-2009)
Фонд за пензиско и инвалидско осигурување на РМ (2009-2013)
Министерство за правда на Р.М
Агенција за управување со одземен имот
Член на Управен Одбор на АКН на Р.М
Член на Стручниот Совет на Комората на Извршители на Р.М
Член на Советот на Град Скопје (2013)

Јазици: Албански (мајчин), Македонски (течно), Англиски (делумно)

Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија од 05.04.2016 год. до 31.05.2017 год.

Нурхан Изаири - министер oд јуни 2014 год. до април 2016 год

НУРХАН ИЗАИРИ

Година и место на раѓање

16 Ноември 1961, Тетово, Република Македонија

Место на живеење
с.Долно Палчиште, Општина Боговиње

Брачна состојба
Женет, татко на 3 деца

Националност:
Албанец

Државјанство:
Република Македонија

ОБРАЗОВАНИЕ

  • 2013 Докторант на Aрхитектура и урбанизам, Факултет за архитектура во Сараево,
  • 2004 Магистер по Урбан еколошки менаџмент
  • 1989 Дипломиран на Архитектонскиот факултет во Приштина
  • 1980 Средно образование Тетово-  “Кирил Пејчиновиќ”

Познавање на јазици
Албански, мајчин
Англиски,  одлично
Германски, одлично
Француски, одлично
Српски, одлично

ПРОФЕСИОНАЛНО ИСКУСТВО

Проектант во Grava S A – BIL-BIENE, Швајцарија 1989 -1990

Проектант во Архитектонско Биро RITZ HANS, Швајцарија 1991-1993

Основател на проектно биро ATELIE 2, Тетово 1993

Изработка на Проект “Студија за заштита на Охридското езеросо DAR, Германија  – 2000

Лиценца за просторно и урбанистичко планирање – 2005

Заменик председател на Комисија за брани – Министерство за животна средина и просторно планирање 2012-2014

Заменик председател на надзорен одбор – Дирекција за патишта – 2012

КВАЛИФИКАЦИИ

Повеќе од 25 години професионално искуство во сферата на просторното и урбанистичкото планирање како и активно учество во изработка на плански документи за заштита на животната средина, проектирање и изработка на урбанистички планови и управување со нив.

Од Јуни 2014 год. до 04.04.2016 год. Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија

Абдилаќим Адеми - министер oд јули 2011 год. до јуни 2014 год

abdulakjim ademi1. Лични податоци:
•    Име и презиме: Абдилаќим Адеми
•    Ден на раѓање: 20.12.1969
•    Место на раѓање: Шемшово, Тетово
•    Брачна состојба: Женет, татко на едно дете

2. Образование:
•    Основно: “Даме Груев” – Шемшово
•    Средно: Гимназија “Кирил Пејчиновиќ” – Тетово, Математика – Информатика
•    Високо: Дипломиран Инженер по Металургија, Политехнички Факултет, Тирана, 1996
•    Магистер по технички науки – 2011: Универзитет во Приштина, насока: “Анализа и употреба на материјали”, заеднички проект со Технички Универзитет – Фрајбург, Германија 2011. Тема: “Анализа на пепелот на ТЕЦ “Осломеј’’, за употреба на производство на цемент’’.
•    Докторант на Технолошко – Металуршки факултет УКИМ Скопје,
•    Бурсист на DAAD – Германска Фондација за Меѓународна Соработка

3. Обука и курсеви:
•    Обука при Институтот за Градежни и стаклени материјали во Техничкиот Универзитет Фрајбург – Германија.
•    Школа за млади политичари
•    Обука за креирање политики

4. Работно искуство:
•    2002 – 2006 пратеник во Собранието на Република Македонија
Комисија за Економски прашања – Претседател на Комисијата
Комитет за односи меѓу заедниците – член на Комитетот
Комисија за финансирање и буџет – член на Комисијата
Комисија за транспорт, врски и екологија – член на Комисијата
•    2006-2007 член на Бордот на Директори во АД “ГА-МА” – Скопје
•    2004-2006 Асистент при Државниот Универзитет во Тетово, предмет “Анализа на градежни материјали”
•    2007-2008 ЈП „Геоинженеринг“ – Тетово
•    2008-2011 Заменик на претседателот на Владата на РМ, задолжен за спроведување на Рамковниот Договор
Комисија за политички систем – Потпретседател
•    2009- Член на советот за безбедност на Република Македонија
•    2011- 2014 – Министер за животна средина и просторно планирање
Економски совет – член
Комисија за економски систем и тековни економски политики – член
Комитет за туризам – член
Комитет за отпад – член
Комитет за здравје и животна средина – член
Комитет за минерална суровина – член

5. Политички активности:
Член на Централниот Одбор на Демократската Унија за Интеграција 2002 -….
Претседател на Огранокот на ДУИ во општина Јегуновце 2005 – 2009
Генерален секретар на Демократска Унија за Интеграција 2009 – 2014, 2014-

6. Проекти:
•    Проект со Национален Демократски Институт, Студиска посета на Сенатот на Мичиген, Сенатот на САД и ДСД.
•    Проекти со Национален Републикански Институт
•    Проекти и обука под покровителство на Фондацијата Фридрих  Егберт
•    Проекти со Нансен Дијалог Центар – Скопје, Невладина Организација
•    Дијалог семинари за родители од општина Јегуновце – преговори, организирање на состаноци, како и учествување на семинари и следење на резултатите во склоп на проектот (2005-2007)
•    Дијалог семинари со локалните власти од општина Јегуновце  (2005-2006)
Студиска посета на Норвешка (2006)
•    Како претставник од Училишниот Одбор на семинари за подигање на свеста за активно учество на родителите во училиштата во мултиетнички средини.(2007)
•    Асистирање при етаблирање на неформалните курсеви за децата од различна етничка припадност за ИТ, Англиски, Албански и Македонски Јазик.(2005 )
•    Соработка и асистирање на НДЦ Скопје за имплементација на проектите за Водоводите, за Училишен Спорт, за рехабилитација на Училиштата во оваа општина, за различни земјоделски и останати проекти во сферата на урбано планирање.( 2005-2007)
•    Како лице контакт и консултирање за било какви меѓународни посети, нивно организирање и водење. ( од 2005 во континуитет)
•    Еден од главните иницијатори и поддржувачи за дизајнирање и имплементација на експлицитна програма за активно вклучување на родителите во образовниот систем-воспоставување на контакти со родителите како и наставниците.(2007)

7. Семинари и симпозиуми:
•    Учесник на научни и политички семинари
•    Учесник на научни симпозиуми во Тетово, Тирана, Валона (Албанија), Приштина (Косово)

8. Јазици
•    Албански јазик (мајчин)
•    Македонски јазик
•    Италијански јазик

9. Компјутерски вештини
•    Microsoft office (Word, excel, power point, acces)

Д-р.Неџати Јакупи - министер oд јули 2008 год. до јули 2011 год.

JakupiДатум на раѓање: 10.07.1973 год.

Место на раѓање: Гостивар

Образование:  Медицински Факултет – Медицински Универзитет Софија, Бугарија.

Специјализација по Општа Хирургија – Медицински Факултет – Скопје

Работно искуство:  ПЗО ” Мedical ” -1 – Гостивар

– Норвешки Комитет за бегалци –  камп за бегалци – Чегране

– Здравствен Дом – Гостивар
– Медицински центар – Гостивар
– Хируршки Клиники – Државен Клинички Центар – Скопје

Обука и курсеви:

–    Конфликт и комуникација: Водич низ лавиринтот за справување со кризи – Институт Отворено Општество

–    Тренинг за новоизбрани општински советници – NDI

–     Програма за сертификација на локални лидери – USAID

–     Тhе Balkan Тrust for Democracy  Builds in Southeastern Europe – USAID

–      Refugees return – USAID

–      American Council of Young Political Leaders – National Election Study Program

–      Семинар за децентрализација – MCMS

Проекти:

– Борба против болестите на зависност и намалување на штетите од нивната употреба – IPG, HOPS, HELP

– реализирање на проектот на Норвешкиот Комитет за помош – NORWAK:  УРГЕНТЕН ЦЕНТАР и  Единица за Интензивно лекување во Општата Болница во Гостивар

Останати активности:

–   Асиситент на пратениците во канцеларијата за контакт со граѓаните во Гостивар 2002-2004

–   Заменик Градоначалник на Општина Гостивар

Од 26.07.2008 год. до 28.07.2011 год. Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија.

Џелил Бајрами - министер од февруари 2007 год. до јули 2008 год.

 DzBajramiИме и презиме:  Џелил Бајрами

Датум на раѓање:  21.08.1973

Место на раѓање:  Тетово

Националност:  Албанец

ОБРАЗОВАНИЕ:

1992 – Средно Школо –  “Зеф Љуш Марку” – Скопје

1994/98 – Дипломирал на Универзитетот во Тирана, Филолошки факултет, насока Историја – Географија.

РАБОТНА КАРИЕРА:

2002/03 – Професор во Гимназијата  “Панче Поповски” во Гостивар.

2003/06 – Председател на организацијата “Нова Албанска Генерација” за Македонија со седиште во САД (New York)

2004/06 – Член на Бордот “Слободен Албански Форум” – Тирана

2004/06 – Член на Здружението за пријателство  “Албанија – Израел”

2005/06 – Председател на младите и портпарол на Партијата за Демократски Просперитет (ПДП)

Септември 2005/март 2006 – Подпредседател на Партијата за Демократски Просперитет (ПДП)

Март 2006 – Член на Председателството на Демократската Партија на Албанците (ДПА)

Од Февруари 2007 год. до Јули 2008 год. Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија

ОБУКА:

2000 – Обука од  NDC (Nansen Dialog Center) – “Решавање на конфликтите на мирен начин” – Охрид

2004 – “Лидери со карактер и Достоинство” – Саранда организирано од  “ФЛШ”

2005 – РОМ – Програма за развој и припрема на новите Политички Лидери  – Хрватска, Фужине.


МОДЕРАТОР НА РАЗЛИЧНИ СЕМИНАРИ:

1. Скопје 2006,  Учесници: Десните Партии во Република Македонија,  “Еуро – Атлантските преспективи на Р. Македонија”

2. Тетово 2006, “Младината и Европските предизвици”

3. Гостивар 2006,  “НАТО – Политичко и Војно Организирање – Местото на Македонија”

КОМПЈУТЕРСКИ ВЕШТИНИ:

Microsoft Word, Exel, Power Point, Internet.

ЈАЗИЦИ:

Мајчин јазик – Албански, Англиски, Македонски, Србски и Хрватски.

Имер Алиу - министер од август 2006 год. до февруари 2007 год.

Imer AliuИме и презиме: ИМЕР АЛИУ

Дата на раѓање: 26.03.1977 год.

Место:  С.Слатино – Тетово

Националност: Албанец

ОБРАЗОВАНИЕ:

2004 Дипмломиран правник УЈИЕ – Тетово

2006 Постдипломски студии по јавна администрација компоративна со европска унија (втор семестар) ЈИЕУ-Тетово.

ВРАБОТУВАЊЕ:

2004-2005 Кординатор во информативната центар,општина Теарце;

2005 Портпарол на ДПА.;

ЈАЗИЦИ:

Албански, Македонски и Англиски.

ПОЗНАВАЊЕ И ИНТЕРЕС:

Компјутери:  Word, Excel, Photoshop, Internet и др.;

ПОЛИТИЧКИ АКИВНОСТИ:

2005 Портпарол на ДПА и член на претседателството на ДПА

Од Август 2006 год. до Февруари 2007 год.  Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македониjа

Д-р Зоран Шапуриќ - министер од 17 декември 2004 год. до август 2006 год.

SapuricИме: Д-р ЗОРАН ШАПУРИЌ

Датум на раѓање: 10.06.1958 год.

Националност: Македонец

Образование:

1982   Дипломирал на Правниот факултет, Универзитет “Св. Кирил и  Методиј”, Скопје

1984   Положил правосуден испит (судско-адвокатски испит)

1998   Положил нотарски испит

1999   Завршил пост-дипломски студии на Правниот факултет,
Универзитет “Св. Кирил и Методиј”, Скопје

2000   Магистрирал на Правниот факултет, Скопје, на тема: “Односите меѓу локалната самоуправа
и централната власт во Република Македонија”

2005   Докторирал на Институтот за политичко-правни и социолошки истражувања, Скопје,
на тема “Децентрализација на власта во Република Македонија”

Работно искуство:

1982-1983    Правник;

1983-1985    Стручен советник и виш стручен советник во Уставниот Суд на Македонија;

1985-1990    Советник за меѓународно трговско право – МЗТ “Комерц”;

1991-1996    Градоначалник на Општина “Кисела Вода”- Скопје;

1994-1998    Пратеник во Парламентот на Република Македонија и Претседател на Собраниската
комисија за надзор – служба за безбедност;

1994-1998    Пратеник во Парламентот на Република Македонија – Претседател на Комисијата
за политички систем и односи меѓу етничките заедници и член на Комисијата за
европски прашања;

1999-2002    Заменик на Генералниот директор  на Јавното претпријатие за комунални работи во
Град Скопје во “Паркови и зеленило” – Скопје;

2003 до сега    Член на Одборот на East West Parliamentary Practic Programme (EWPPP) – развој на
парламентарната и локалната демократија во земјите во транзиција;

Од 17 декември 2004 год. до Август 2006 год.    Министер за животна средина и просторно планирање во Владата на Република Македонија.

Дополнителни квалификации:

Повеќе дополнителни специјализации во земјата и во странство, меѓу кои: 

  • 15 октомври – 15 ноември 1994:  Студиски предстој во САД – Изборна кампања, организиран од NDA, САД;
  • 25 октомври – 5 декември 1994:  Специјалистички семинар на тема: “Организација и работа на законодавните институции во САД, организација на федералната администрација во САД и работа на федералниот изборен комитет во САД”, организиран од IRI, САД;
  • 1 – 20 февруари 1998:   Студиски предстој во Хамбург, Германија, на тема: “Слобода на медиумите и нивната поврзаност со политиката”;
  • 14 март – 14 април 1998:   Семинар на тема: “Адвокати за човекови права”, организиран од Хелсиншкиот Комитет за човекови права на РМ, Скопје;
  • 25 октомври – 5 ноември 2002:   Специјалистичка студија (Study Mission on Association Capacity Building), на тема: “Развој на локалната јавна администрација”, организирана од VNG International – Холандија;
  • 20 – 27 мај 2003:   Специјалистички семинар на тема: “Ефикасна законодавна работа на Парламентот”, Унгарија, организиран од Hungarian Political Consulting Participant, поддржан од USAID;
  • Март 2004:  10-дневен семинар на тема:  “Справување со корупцијата во светски рамки:  Како да дојдеме од нула до херој?” на Оксфорд Универзитетот (ВБ), организиран од Британскиот Совет;
  • Јуни-август 2004:  Специјализација на Харвард Универзитетот (John F. Kennedy School of Government), САД;
  • Семинари за специјализација во Германија во организација на Friedrich Naumann Shiftung:

       30 јануари – 10 февруари 1998, на тема:  “Политичка култура, владеење на правото и демократијата”;–   10 – 21 октомври 2001, на тема:  “Ново државно управување: Слаба држава, слаба влада” (International Academy for Leadership);–   6 – 15 април 2003, на тема:  “Политички стратегии, борба против корупцијата”;
  • Студиски предстој во Велика Британија, на тема:  “Функционирање на парламентарната демократија и државната администрација на ВБ”, организирани од Британскиот Совет и Канцеларијата за врски на ВБ, во повеќе наврати:–    1-15 август 1995;

    –    1-10 септември 1998;–    5-15 декември 2004;
  • Повеќе други Студиски предстои во странство во областа на административното право, уставното право, правото во областа на животната средина, правото во областа на локална самоуправа;
  • Учесник со свои трудови на повеќе меѓународни настани од областа на заштитата и унапредувањето на животната средина:

          –   мај 2005: COP1 – Прва Конференција на Страните на Стокхолмскат Конвенција
на неразградливи органски полутанти”, Уругвај;

        –   мај 2005:  Годишна Конференција на Регионалниот Центар за  животна средина на тема:
“Политики и законска регулатива во областа на животната средина во Република Македонија”,
Будимпешта, Унгарија;

–   Декември 2005:  COP11/MOP1 – Единаесетта Конференција на Страните на Рамковната
Конвенција за климатски промени на ОН (UNFCCC), која служеше како Прв Состанок на
Страните на Протоколот од Кјото, Канада.

Професионален ангажман:

1994-1996    Член на Делегација на локалните заедници во Советот на Европа –
“Конгрес на локални и регионални власти”;

1994-1998    Член на Парламентарната Делегација на Македонија во
Собранието на Западно-Европската Унија (WEU);

1997-1998    Член на Парламентарната Делегација на Македонија во
Собранието на НАТО, и член на истата Делегација во 2002 година;

1998-2002    Член на Статистички совет на Република Македонија.

Други активности:

  • Автор на повеќе публикации од областа на правните науки и научни реферати од областа на децентрализација на власта, реформа на судскиот систем, административна организација, како и законот и политиката за животна средина  објавени во Македонија и во странство;
  • Искуство во правото на ЕУ;
  • Учествувал на многу други меѓународни семинари за: правосуден систем, јавни администрации, човекови права, локална самоуправа, изборни системи, итн., во САД, Холандија, Германија, Англија, Унгарија, Финска, итн.;
  • Јуни 2005: Одржал научно предавање на правниот факултет во Белград на тема: “Политика и законска регулатива во областа на животната средина во Западно-Балканскиот регион”.

Познавање на странски јазици:

Активно:    Англиски, српски, хрватски, бугарски

Пасивно:    Германски

Љубомир Јанев - министер од октомври 2002 год. до декември 2004 год.

JanevИме и Презиме: ЉУБОМИР ЈАНЕВ

Датум на раѓање: 24-ти Декември 1962 год.

Место на раѓање: Кочани

Националност: Македонец

Образование:
Основното и средното образование ги завршува во Кочани.
Основното образование го завршува во училиштето
„Раде Кратовче“, а средното во Гимназијата со економски паралелки „Љупчо Сантов“.

Во октомври 1982
година се запишува на Градежен факултет во Скопје кој што го завршува и се стекнува со Диплома за Градежен инженер.

Работно искуство и професионална кариера:
Првото вработување, по завршувањето на факултетот е во Градежното претпријатие „Бетон“ во Кочани во 1989 година, на местото инженер на објект;

1996 година доаѓа на местото технички директор на „Бетон“;

1998 година станува Генерален директор на „Бетон“ во Кочани;

Во октомври 2000-та година, како кандидат на СДСМ станува Градоначалник на Општина Кочани;

Од октомври 2002 до декември 2004 година е Министер на Министерството за заштита на животната средина и просторно планирање, во Владата на Р.Македонија;

Од декември 2004 година станува Директор на Агенцијата за недоволно развиени подрачја;

Во април 2005 година се кандидира по втор пат за Градоначалник на Општина Кочани и победува на локалните избори.

Др. Владимир Џабирски - министер од мај 2001 год. до август 2002 год.

dzabirskiИме: Др. Владимир Џабирски 

Датум на раѓање: 18.06.1956 година

Адреса: Бул. „Јане Сандански” бр. 52 2/2, 1000, Скопје, Македонија

Е-маил:
vdzabirski@zf.ukim.edu.mk

Националност: Македонец

Работно искуство

• Датум (од-до)

1. Сега – Факултет за земјоделски науки и храна (од 1981 година)

2. Од ноември 1998 до мај 1999 – Министер за земјоделство на Р. Македонија,

3. Од мај 2001 до август 2002 – Министер за животна средина и просторно планорање на Р. Македонија

• Име и адреса на работодавец

1.Факултет за земјоделски науки и храна

• Тип на бизнис или сектор

1. Образование и истражување

• Работно место или функција

Доктор, Професор, ситни преживари

• Главни дејности и одговорности

Предавање и истражување

 Образование

• Датум (од-до)

Ноември 1999 година – Саутемптон, Велика Британија – обука за MCVP IS Менаџмент

Докторат – 1996 година – Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје

Август 1944 година – Минесота, САД (ACDI) – Обука за обработка на квалитетно млеко

Магистер 1989 година – Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје

Курс – 1987 година – VPI, Блексбург, Вирџинија, САД

Дипломиран 1980 година – Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје

• Назив и тип на образовна институција

Конзорциум од Дуинг Бери (CCTA)

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје VOCA- ACDI

Политехнички Институт од Вирџинија

Универзитет „Св. Кирил и Методиј”, Скопје

• Главни предмети/професионални способности опфатени со обуката

Сточарско производство

Производство на овци и кози

• Добиено звање

Сертификат

Доктор на науки – Размножување на овци

Магистер – Производство на овци

Дипломиран – Сточарско производство

Лични квалификации

Стекнати во текот на животот и кариерата, за кои можеби нема формални сертификати и дипломи.

Мајчин јазик – македонски

Други јазици – англиски

• Читање – Одлично

• Пишување – Одлично

• Зборување – Одлично

Општествени одговорности и ангажмани
Живот и работа со други луѓе, во мултикултурни средини, на функции каде што е важна комуникацијата и каде што тимската работа е од суштествено значење (на пр. култура и спорт), итн.

Претседател на Асоцијацијата на земјоделски инженери на Република Македонија

Организационии способности и квалификации
Координација и управување на луѓе, проекти и средства од буџетот; на работното место, волонтерска работа (на пр. култура и спорт) и дома, итн.

За време на моите ангажмани во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и во Министерството за животна средина и просторно планирање ја вршев функцијата Министер.

Меѓудругото, бев одговорен за:

–   Управување и координација на човечки ресурси;

–   Координација на ресурси и активности;

–   Буџетски прашања;

–   Координација / управување на домашни и меѓународни проекти.

Информатички способности
Со компјутери, специфични видови на опрема, машини, итн.

MS Office

Возачка дозвола – А и Б

Дополнителни информации

1994-2001, Национален координатор на ФАО програмата за зачувување на животински генетички ресурси;

1997 CHEMONICS: Локален консултант за подготвување на проекти (Предлог на маркетиншки активности во проект во македонското земјоделство)

2000-2002. Пилот проект за идентификација и регистрација на крупен и ситен добиток во Република Македонија. Координатор на раководен орган (Министерство за земјоделство);

1993-2002, ACDI/VOCA: Локален и регионален (Албанија) консултант за микро проекти (ситни преживари);

1998-2002, WB: Проект за поддршка на приватни фармери, Истражување на фарми, Лидер на проект: Полу-интензивно производство на јагнешко месо. (Министерство за земјоделство);

1995-1996, CRIC: проекти за развој на KAP;

1999-2002, GTZ: Локален експерт за имплементација на проекти (Модернизација на македонското земјоделство);

2001 Член на тимот: Стратегија за развој на земјоделството во Република Македонија до 2005 година (MASA);

2001 Член на тимот: Студија за развој на струмичкиот регион (Министерство за земјоделство);

2002 Светска банка: Консултантски услуги за подготвување на Ревизија на земјоделскиот сектор во Република Македонија;

2003 CARE int.: Два проекта за генерирање приходи (производство на овци);

2003-2004 Член на тимот: Национална студија за бидиверзитетот на Република Македонија (прв национален извештај);

2003-2004 Член на тимот: Активности за оспособување за овозможување на рана активност за имплементација на Стокхолмската конвенција.

Марјан Додовски - министер од декември 2000 год. до јуни 2001 год. и од август 2002 год. до октомври 2002 год.

Dodovski

Тони Поповски - министер од 1998 год. до декември 2000 год.