ФИНАЛНА ЕНЕРГЕТСКА ПОТРОШУВАЧКА ПО СЕКТОРИ |
Финалната енергетска потрошувачка претставува потрошувачка на енергија за енергетски цели на крајните потрошувачи и се пресметува како збир на енергетската потрошувачка на сите сектори и тоа: индустријата, сообраќајот, земјоделството, домаќинствата и другите сектори.
Индикаторот „Финална енергетска потрошувачка по сектори” се изразува во илјади тони еквивалент на нафта (ktoe) и во проценти како однос на финалната енергетска потрошувачка на секој сектор со финалната енергетска потрошувачка на сите сектори.
- илјади тони еквивалент на нафта (ktoe)
- проценти
Дали потрошувачката на финална енергија е во пораст и во кој сектор таа е најголема?
Политиките во секторот енергија треба да фаворизираат мерки за рационално и ефикасно користење на енергијата, особено во домаќинствата и индустријата.
Во периодот од 2000 до 2016 година, потрошувачката на финална енергија во Република Македонија е зголеменаза 15,5%. Ако се направи споредба на енергетската потрошувачка во 2016 во однос на 2000 година се забележува дека зголемувањето на финалната потрошувачка на енергија е најголемa во секторот транспорт за 89%, додека во индустријата е намалена за 20,3%, а во домаќинствата е забележан раст од 1,7%. Во 2016 година најголем удел во Финалната енергетска потрошувачка имаат секторите транспорт со 34,9 %, домаќинствата со 24,7% и индустријата со 24,7%.
Слика 1. Потрошувачка на финална енергија по сектор
Слика 2. Удел на поедините сектори во потрошувачката на финална енергија
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Државен завод за статистика, http://www.stat.gov.mk
Во периодот од 2000 до 2016 година, Финалната енергетска потрошувачка во Република Македонија е зголемена за 15,5%.
Со анализа на податоците за финална потрошувачка на енергијаможе да се забележи дека најголем пад на финалната потрошувачка во индустријата е забележан во 2016 година, а најголем раст на потрошувачка во секторот индустрија се бележи во 2007 година.
Споредено 2016 со 2000 годинаможе да се забележи дека потрошувачка на финална енергија во транспортот има постојан пораст и зголемувањето изнесува 89%, додека во домаќинствата се забележува зголемување за 1,7%
Најголем удел во Финалната енергетска потрошувачка во 2016 година имаат секторите транспорт со 34,9 %, домаќинствата со 24,7% и индустријата со 24,7%.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Статистичка методологија за пресметка:
- Регулативата за енергетски статистики на Европскиот парламент и советот (Регулатива бр.1099/2008).
- „Energy Statistics Methodology Eurostat F4, 1998″
- Национална класификација на дејности НКД Рев.2 (”Службен весник на Република Македонија” бр. 147/2008)
- Стратегија за унапредување на енергетска ефикасност во Република Македонија до 2020 година[1]
- Стратегија за развој на енергетиката во Република Македонија до 2030 година.[2]
Законска основа
Закон за енергетика, Енергетски биланс на Република Македонија -годишен плански документ со кој се дефинираат потребите од енергија и можностите за нивно обезбедување.
[1] http://www.konkurentnost.mk/StrateskiDokumenti/StrategijazaunapreduvanjenaEERMdo2020godina.pdf
[2] http://www.build.mk/docs/users/cloverstack/Strategija%20za%20razvoj%20na%20energetikata%202008-2020%20so%20vizija%20do%202030.pdf
- Eurostat, ECE/UN и IEA/OECD.
Ознака | Име на индикаторот | Усогласеност со CSI ЕЕА или други индикатори | Класификација по ДПСИР | Тип | Поврзаност со област | Фреквенција на публикување | |
MKНИ 027 | Потрошувачка на финална енергија по сектор | CSI 027
EE 18 |
Final energy consumption by sector | Д | А | енергија | годишно |