НУТРИЕНТИ ВО ВОДИТЕ |
Концентрациите на ортофосфат и нитрат во реките, вкупен фосфор и нитрат во подземните водни тела. Индикаторот може да се користи за илустрирање на географските варијации во тековните концентрации на нутриенти и временските трендови.
Концентрацијата на нитрат се изразува како mg (NO3)/l, а ортофосфатот и вкупниот фосфор како mgP/l.
Дали концентрацијата на нутриентите во водотеците има тренд на растење?
Во Република Северна Македонија овој идикатор се прикажува преку следење на концентрацијата на нитрати и ортофосфати во реки и вкупен фосфор во езера. Во анализираниот период е забележанo променлив тренд на средногодишните концентрации на нитрати и ортофосфати во сите три реки. При што може да се види дека после 2014 година концентрацијата на нитрати и ортофосфати благо се зголемува од година во година до 2021 година, но сепак го задржува квалитетот кој одговара на олиготрофична до мезотрофична класа. За време на целиот период на истражување, Охридското Езеро го задржало својот олиготрофен карактер, што е прикажано и на табелата за концентарција на фосфор и на нитрати. Концентарцијата на споменатите нутритиенти во водите на Преспанското Езеро е поголема, што го зголемува ризикот од еутрофикација на езерската вода.
Загадувањето на водите со нитрати на одредени локации на територијата на државата се претпоставува дека во најголем број случаи потекнува од тоа што тие локации се земјоделски или индустриски зони. Сепак, има значителен напредок во спроведувањето на мерките за заштита на водите преку изградба на пречистителни станици и слични мерки кои го спречуваат или намалуваат загадувањето на водите.
График 1. Нитрати и ортофосфати во рекитe
График 2. Нитрати во реките по река
График 3. Ортофосфати во реките по река
График 4. Вкупно фосфор во езерата
График 5. Вкупно нитрат во езерата
Опфат на податоци: excel
Извор на податоци: Министерство за животна средина и просторно планирање, Управа за хидрометеоролошки работи, Хидробиолошки институт Охрид
Во сливот Вардар најголемата река Вардар, минува низ големите градови како Гостивар, Скопје и Велес. Исто така овој дел од земјата е познат по земјоделските и индустриските зони. Имајќи го ова во предвид може да се претпостави дека населението, земјоделството и индустријата имаат значајно влијание врз квалитетот на реките.
Треба да се нагласи дека во сливот на реката Струмица од 2010 до 2021 година има подобрување на квалитетот на реките во однос на нитрати и фосфати. Причината за ова подобрување е сериозната заложба на државата во спроведувањето на законската регулатива за води која обврзува зачувување и спречување на влошувањето на квалитетот на водите.
Просечните годишни концентрации на нитрати и ортофосфати се релативно стабилни уште од почетокот на деведесеттите години на минатиот век. Утврдено е дека концентрацијата на овие параметри е во рамките на пропишаните вредности во националните прописи. Следењето на резултатите од мерењата во пелагиските делови на Охридското Езеро за време на целиот период го задржува олиготрофниот карактер со релативно стабилни концентрации на фосфор (под 0,015 mg/l), поголема концентрација на фосфор (0,030 mg/l) е забележена во 2007 година на Охридското езеро и концентрации на нитрати во рамките на дозволените граници (просечни годишни концентрации под 0,55 mg/l).
Од 2013 до 2016 година истражувањата се вршат во литоралот и пелагијалот на Преспанско Езеро каде е регистрирано опаѓање на концентрациите на нитрати и вкупен фосфор во однос на другите години. Важно за да се спомне дека во периодот од 2014 – 2016 година нема податоци за нитрати и вкупен фосфор за Охридско Езеро. Концентрациите се значително повисоки во Преспанското Езеро, каде органските соединенија се на високо ниво, зголемувајќи го ризикот од еутрофикација на езерската вода.
- Методологија за пресметка на индикаторот
Пресметувањето на индикаторите се базира на методологијата утврдена со Eurowaternet, детерминирана од страна на Европскиот топик центар за води при Европската агенција за животна средина.
Со овој процес дефиниран е начинот на селекција на мониторинг-станиците, утврден е видот на параметри кои се следат како и нивната честота на прибирање.
Забелешка: За остранување на недостатокот на податоците е користена методологијата обезбедена од ТЦ Воде, Словенија.
Индикаторот не е директно врзан за барањата на една директива. Еколошкиот квалитет на површинските води во насока на намалување на еутрофикацијата и концентрацијата на нутриенти е цел на неколку директиви:
- Директивата за водата за пиење (98/83/ЕЦ) максимално дозволена концентрација за нитрати е 50 mg/l
- Директивата за апстракција на површинската вода наменета за пиење (75/440/ЕЕЦ), предвидува концентрација на нитрати од 25 mg/l.
- Директивата за нитрати (91/676/ЕЕЦ) бара идентификација на подземни тела каде годишната концентрација надминува или може да надмине 50 mg/l нитрати.
- Директивата за третман на урбани отпадни води (91/71/ЕЕЦ) има за цел да го намали загадувањето од органски материи.
- Годишно до Европската агенција за животна средина за потребите не WISE – SoE Water Quality
- До УНЕЦЕ
- Годишен извештај од обработени податоци заживотна средина
- Извештај за состојба со животната средина СОЕР
- Статистики на животна средина
Тема | Вода | Поврзаност со други теми/сектори | Почва и користење на земјиште, Земјоделство, Домаќинства, Индустрија, Урбанизација |
Код на индикаторот | MK НИ 020 | Временска покриеност | 2000-2021 |
Име на индикаторот | Нутриенти во водите | Извор на податоци | Министерство за животна средина и просторно планирање, Управа за хидрометеоролошки работи, Хидробиолошки институт Охрид |
Класификација по ДПСИР | С | Датум на последна верзија | 16.09.2022 |
Тип | А | Подготвено/ ажурирано од: | Аземине Шакири |
Фреквенција на публикување | на две години | Контакт | a.shakiri@moepp.gov.mk |
МК НИ 020 Нутриенти во водите | EEA – Европска агенција за животна средина | IND-8/CSI 020 , WAT 003 – Nutrients in freshwater in Europe |
UNECE – Економска комисија на Обединетите нации за Европа | C11. Nutrients in freshwater | |
Каталог на индикатори за животна средина | нема еквивалент | |
SDG – Цели за одржлив развој | 6. Ensure availability and sustainable management of water and sanitation for all, 15. Protect, restore and promote sustainable use of terrestrial ecosystems, sustainably manage forests, combat desertification, and halt and reverse land degradation and halt biodiversity loss |
|
GGI – Индикатори за зелен раст | да | |
Кружна економија | не |